(Фото) Победничката на Евровизија служела во војската на Израел

Евровизиската победничка Нета Барзилај во едно од интервјуата дадени во Португалија откри дека служела воен рок во Израел. Таа по матурирањето волонтирала во Нахал, паравоени израелски одбранбени сили, во програма која комбинира социјални и воени вештини. Потоа, таа била дел од израелската морнарица, бидејќи сите Израелци постари од 18 години одат на воена обука.  Во морнарицата Нета настапувала со морнарскиот бенд.

Нета е родена 1993 година во Ход ХаШарон. Кога била мала со семејството се преселиле во Нигерија, каде што живеела четири години. Таму растела со локални дадилки од кои учела за африканската музика и за ритмовите на африканските племиња. По служењето на воениот рок се запишала на музичка академија и студирала џез. Додека студирала работела и како келнерка, одела на курс за медицински сестри и чувала деца во градинка.

Scroll to Top