Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата поради вештачката интелигенција

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа, и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

Во една епизода од неговиот подкаст „Unconfuse Me with Bill Gates“, тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција, за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот, тие допреа на теми како што се GPT-5, суперинтелигенција и видео способности кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови како ChatGPT да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на подкастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

Scroll to Top