Еден од најбогатите луѓе во светот и поранешен шеф на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, им испраќал непристојни пораки на е-пошта на своите колешки додека работел како извршен директор во компанијата. Веста за пораките се појавила неколку месеци по неговиот развод со Мелинда.
„Вол стрит журнал“ пренесе дека во 2008 година Гејтс им испраќал пораки на своите колешки, а потоа бил повикан на информативен состанок со адвокатите на софтверскиот гигант, на кој му било посочено да прекине со тоа. Гејтс се согласил и не биле преземени понатамошни мерки.
На состанокот биле Бред Смит, извршниот директор на кадровското и Лиса Брумел. Тие го известиле одборот на директори во компанијата за пораките. Одборот проценил дека не се потребни понатамошни акции, затоа што немало никаков физички контакт.
Портпаролот на „Мајкрософт“ рече дека компанијата била свесна за пораките кои Гејтс ги испраќал на своите колешки, неколку месеци пред тој да се повлече од местото директор.
Портпаролот рече дека Гејтс ја повикал колешката на состанок по работното време и дека иако пораките биле со флертувачка содржина, не биле сексуално експлицитни, но, дека биле непристојни. Портпаролот нагласил дека жената никогаш не поднела пријава против Гејтс.
Бриџит Арнолд, портпаролката на Гејтс, за „Журнал“, рече дека тврдењата биле лажни и дека станува збор за рециклирани шпекулации од извори кои немаат директно познавање со случајот и дека не посоти значаен конфликт на интереси.
Во моментот кога Мелинда поднела барање за развод, медиумите почнаа да пишуваат за наводните романтични излети на Гејтс. Тогаш се дозна и за сексуалната врска која ја имал тој со друга вработена во компанијата во 2002 година.