Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс призна дека се дружел со осудениот педофил Џефри Епстајн, кој минатата година се самоуби во својата ќелија во Њујорк. Гејтс сега вели дека се кае заради тоа и дека направил голема грешка.
„Дружењето со него ми беше една од најголемите грешки. Грешка беше што му дадов кредибилитет за да биде во моето друштво. Бев со него неколку вечери надевајќи дека преку неговите контакти ќе осигураме милијарди за филантропска организација, поврзана за глобалното здравје. Кога видов дека од тоа нема да има ништо, нашата врска заврши“, изјави Гејтс.
Милијардерот за „Си-ен-ен“ рече дека бил загрижен поради Епстај, кој ја признал вината во 2008 година, кога беше осуден заради подведување на малолетни девојки.
Bill Gates explains his past relationship with Jeffrey Epstein, saying they shared “several dinners” in which he hoped to raise “billions of philanthropy.”
“When it looked like that wasn’t a real thing, that relationship ended… it was a huge mistake to spend time with him.” pic.twitter.com/ljBMYD94Ei
— Anderson Cooper 360° (@AC360) August 5, 2021
Врската меѓу нив двајцата датира уште од 2011 година, кога тој уплатил средства во организацијата на Гејтс и ЈП Морган. На Мелинда Гејтс и сметаше нивното познанство па на пријателите им рекла дека е бесна поради нивната дружба.
Апсењето на Епстајн привлече големо внимание во јавноста. Тој направи големи договори за да ги избегне сериозните обвиненија. Дури 36 девојчиња сведочеа против него, за на крај да отслужи само 13 месеци затвор. Тој во август 2019 година, беше најден мртов во својата ќелија.
Според официјалната верзија, тој извршил самоубиство, обесувајќи се.