Бившата шпионка на Владимир Путин, Алиа Роза, откри детали од својот живот, за тоа како се запишала на 18 години на воена академија, каде што со години била трениранда да биде шпион.
Во 90-те одела во мисии каде разоткрила голем број нарко банди и разбила голема мрежа на трговија со луѓе.
„На 18 години ме испратија во воена академија. Учевме посебни техники. Научив како да ги заведам и манипулирам мажите. Бев обичена да пукам и со различни оружја. Се одлучив на ваква професија поради дедо ми кој беше национален херој на Втората светска војна. Неговото име е запишано во Сталинград“, рече Алиа.
Пред да биде прогонета од Русија, таа минала посебна обука за тајни агентки. Објасни дека го искористила нејзиниот физички изглед до максимум.
„Секоја жена може да натера маж да се вљуби во неа. Кога ќе почнете разговор со некого, важно е прво да бидете љубезни, а потоа по малку ладни. Целта е да го збуните со тајни, мистерии. Но, најважно е да бидете добри во сексот. Тоа нè учеа на воената академија. Заведувањето е планирана стратегија и бара време. Важно е да се оди чекор по чекор. Тогаш тој ќе ви ги открие сите тајни“, рече Алиа.
Нејзината главна мисија вклучувала инфлитрирање во моќни нарко банди за да го заведе нивниот лидер. Алисиа има семејство во Русија и посакува САД и ЕУ да го затворат небото над Украина и да се запрат војната со Путин.