Бившата на Мајкл Џексон се обвинува себе си за неговата смрт

Поранешната сопруга на Мајкл Џексон, Деби Ру, во најновиот документарец за кралот на поп музиката, делумно се обвинува себе си за неговата смрт.

Во документарецот „ТМЗ истражува: Кој навистина го уби Мајкл Џексон“, рече дека морала да превземе нешто кога видела дека станал зависен од лековите против болки.

„Делумно јас сум виновна. Требаше да превемам нешто, но, не го сторив тоа. Многу луѓе починале од зависност и јас на некој начин бев дел од тоа“, рече Деби.

За потсетување, Мајкл Џексон почина од срцев удар во јуни 2009 година, а подоцна беше откриено дека во телото имал доволно количина од силниот седатив Propofol. Количината која била во неговиот организам била доволна за да убие носорог, рече во документарецот поранешниот судски вештак од ЛАПД, Ед Винтер.

Деби и на гостувањето во емисијата на „Фокс ТВ“, призна дека чувствува вина за неговата смрт.

„Бев лоша кон Клајн и жал ми е што учествував во тоа“, рече Деби, но не сакаше конкретно да зборува за Џексон, туку вниманието го насочи кон Клајн,  познат како татко на ботоксот.

За потсетување, Деби се омажи за Џексон во 1996 година и беше сурогат мајка на децата Принц и Парис. Беше асистентка на врвниот дерматолог Арнолд Клајн, кој почина во 2015 година, а кој на Џексон и други славни личности им даваше силни лекови против болки.

Кој навистина го уби Мајкл Џексон, се открива во новиот документарец за кралот на поп музиката

Scroll to Top