Како древните Египјани ги граделе пирамидите, е загатка која со децении ги преокупирала научниците. Старите Египјани, ги изградиле за да ја стекнат стравопочитта од народите, но притоа не ни насетиле дека во далечната иднина, нивните пирамиди ќе бидат инспирација за стотина па и илјадници теории, за тоа како тие навистина настанале.
Некои од тие теории немаат никаква смисла, некои имаат и многу се сериозни, а некои, ако ништо друго, барем се забавни. Но, повеќето од „новите“ теории, за настанувањето и улогата на пирамидите, никако не може да помине, а да не се одолее на тоа, да барем малку не се споменат вонземјаните.
Еве некои од нив, на кои тоа им успеа.
Целта на градбата на пирамидата била „складише за житото“
Фараоните, како што опишуваат голем број на историчари, многу сериозно го сваќале пророштвото, за „седумте дебели и седум слаби крави“, односно за тоа дека по плодниот период, следува период на суша. За да го спаси својот народ од глад, египетските владетели внимателно располагале со своите добра, па ако складиштата биле недоволни, на сцена, стапувале пирамидите. Оваа теорија е популаризирана во книгата „Записите на Џон Мандевилеа“, која била хит во 14 век, а во која, меѓу останатото, авторот наведува:
„Ќе ви зборувам за нешто што и самиот сум го видел покрај Нил. Тоа се огромни сали за складирање на житото, изградени од големи камени блокови. Две се навистина огромни, а останатото е нешто помало. Секоја има влез од страната, а внатрешноста е преполна со змии. Кружат приказните дека тоа се гробниците на владетелите, но тоа не е вистина. Да е, не би биле празни и не би биле толку големи“.
Големата пирамида ја изградил Ноа
Британецот Џон Тејлор во 1985 година, ја издал книгата „Големата пирамида: Зошто е изградена и кој ја изградил“, во која ги изнел резултатите од своите истражувања. Бил воодушевен од начинот на градбата на пирамидата и заклучил дека единствен човек кој бил дораснат за таква задача, бил самиот – Ноа. Неговата теорија не наидела на одобрување кај неговите колеги научници.
Сотон наредил изградба на Голема пирамида
Лидерот на раните Јеховини сведоци, Џозеф Т. Рутхерфорд наречен „Судац“, одлучно тврдел дека Големата пирамида е дело на самиот Сотон.
„Очигледно е дека пирамидата во Гиза, не е дело на нашиот Бог, туку ја изградиле, не само неа, туку и се останато, египетските владетели, по наредба на Сотон. Сотон во моментите на градба, во камените блокови го криел своето знаење, за да така владее со луѓето. Време е да од Бог побараме прошка, што толку време сме посветиле на истражувањето на тие ѓаволкски структури“, заклучи Судац.
Пирамидите изворно биле ридови
Една од теориите потекнува од 1884 година, објавена во списанието „Fort Wayne Journal-Gazette“, кое наведува дека пирамидите всушност настанале на ридиштата.
„Пирамидите всушност се изолирани природни висини, кои се изрезани така да изгледаат, како што изгледаат. Тоа не е ништо друго освен каменолом, кој посебно е одбран за да изгледа како споменик“, стои, меѓу останатото во текстот.
Пирамидите се изградени со помош на левитација
Левитацијата често се споменува во контекст на пирамидата и е заедничка за многу теории. Физичарот Едгар Кејси тврдел дека тука, луѓето кои ги граделе пирамидите, поседувале силни ментални моќи, а меѓу останатото и моќта на левитацијата која им помогнала во градењето на пирамидата.
Оваа тема ја истражувал и Ендрју Колинс, автор на книгата „Богови Едена: Изгубеното наследство на Египет и генезата на цивилизацијата“, во која во еден пасус, ја навел и приказната за усменото предавање кое опишува како „магични парчиња на хартија, кои се поставевни меѓу камените блокови ја пренесувале способноста на лебдење“. Колинс, пак заклучува дека старите Египјани ги поместувале камењата со помош на „звучни вибрации“.
Пирамидите се поклопуваат со положбата на соѕвездието Орион
Многу теории се ослонуваат на фактот дека положбата на пирамидата се поклопува со положбата на ѕвездите. Тоа поклопување научниците го објаснуваат со верувањето на старите Египјани, дека така духот на нивните мртви владетели, лесно ќе го пронајде патот кон небото.
Но, Роберт Баувал, во својата книга „Тајните на Орион“, сепак оди еден чекор повеќе од верувањата, па тврди дека корелацијата меѓу локацијата во просторот меѓу трите големи пирамиди и триото на ѕвезди во појасот Орион е јасна, но за да ова појавување биде можно, пирамидите би требало да бидат изградени пред 12.000 години.
Неговата теорија станала многу популарна, иако некои познати астрономи ја побиле.
„Бауваловата теорија не се поклопува со новите мерења. Според него, Млечниот пат не се поклопува со текот на Нил. Но мораме да имаме на ум дека речниот тек варирал и никако не можеме со сигурност да утврдиме како Нил течел во времето на периодот кога се граделе пирамидите“, наведува Ентони Фаирал, професор по астрономија во Кејп Таун.
Многу теории, па и тие современите, често наведуваат за посебната моќ која пирамидите ја имаат. Меѓу останатото, некои од нив тврдат дека пирамидите имаат моќ на исцелување, и регенерација, што веројтно се поврзува со фактот дека мумиите пронајдени во пирамидите, се исклучително добро сочувани.
Ова тврдење било особено популарно во 70-те години, и многу научници го истражувале. Иако научно не е докажано дека пирамидите навистина имаат исцелителска моќ, сигурно е дека нивниот облик по многу нешта е посебен и дека се темели на прецизни научни мерења, а посебно на математичките закони и астрономијата.