Амбасадорот на Норвешка во Србија, Арне Санес Бјернстад, изјавил дека во случај на европско интеграње на Србија нема да биде толкав проблем соработката со Русија, особено воената, колку што ќе биде губењето на довербата кон членките на ЕУ.
„Помал проблем е предизвикот на користењето на двата вида на технологии и процедури кои не се направени да се користат заедно. Поголема загуба ќе биде довербата од земјите членки на ЕУ, како рамноправен партнер, каде Србија сака да се приклучи“, изјавил Бјернстад.
Како што вели ниту една земја во ЕУ нема таква воена и безбедносна соработка со Русија, како што има Србија, со оглед на тоа дека најголемиот дел од членките на ЕУ, Русија ги смета за закана.
Амбасадорот навел дека за Србија би било мудро тоа да го земе во предвид и да води политика, повеќе во согласност со земјите на ЕУ, и така да покаже подготвеност да биде сигурен член на Унијата.
Тој наведе дека нормализацијата на односите со Косово е еден од условите за членство на Србија во ЕУ и дека претседателот Александар Вучиќ покажал храброст дека е подготвен да завземе реалистичен и рационален пристап што се однесува до прашањето за Косово.
„Косово всушност е независна држава, без оглед на ставот на Србија за тоа прашање. Тоа значи дека актуелната ситуција е таква што Србија во секој случај ќе изгуби“, навел Бјернстад.
Говорејќи за слободата на печатот, Бјернстад изјавил дека не се сомнева во наводите на новинарите за лошите искуства, притисоците и нападите.
„Тоа покажува дека политичката култура во Србија мора да преовлада уште еден пат“, изјавил норвешкиот амбасадор.