Русинката Валерија Удалова (59), заеадно со нејзиниот тим, украла неколку тела на богати лица кои платиле за да бидат замрзнати, со надеж во некоја далечина иднина, кога науката ќе доживее голем прогрес, истите бидат оживеани.
Удалова, со нејзиниот екс сопруг Данило Медведев (41) ја воделе кампањата во која богатите клиенти им плаќале и по неколку илјадници евра, за тие бидат замрзнати. Таа заедно со нејзиниот тим упаднала во компанијата, која ја водел сега веќе нејзиниот поранешен сопруг.
Тие украла неколку од замрзнатите тела, вклучувајќи ги и телата на некои Британци и Американци. Во прашање е водечки погон за криогенично замрзнување во Русија. Крадците го истуриле течниот нитроген од огромните тенкови во кои се наоѓале замрзнатите тела.
Тие ги украле, заедно со уште неколку човечки мозоци и ги товариле во камиони. Полицијата брзо ја пресретнала оваа необична банда и ги пронашла некои од човечките остатоци зачувани во таканаречената „Франкенштајнова технологија“, која на богатите клиенти им нудела шанса во иднина, по смрта, повторно да ги врати во живот.
„Полицијата не успеа да ја фати Валерија. Таа побегнала со еден мозок. Мозоците на неуропациентите се држани одвоено, во специјални метални медицински кутии“, рече Медведев.
И Медведев, кој е сопственик на фирмата „Крио Рус“ и некогашен шеф на Валерија, но и самата Удалова, која ја основала крио-фирмата Open krioniks, сметаат дека се легитимни сопственици на човековите остатоци.
Полицијата ги истражува нивните тврдења и бара поранешните сопружници да го гарантираат интегритетот на заледените тела и мозоците, како и телата на десетина кучиња и мачки, кои сопствениците сакале да ги замрзнат, со надеж еден ден да ги оживеат во иднина.
Се стравува дека остатоците се оштетени за време на рацијата.
„Постои ризик од оштетување, невозможно е да се транспортираат сандуци во хоризонтална положба. Кога се обиделе да ги украдат, го истуриле нитрогенот, поголемиот дел е истурен на земја“, рече Алексеј Потапов, експерт од „Крио Рус“.
Остатоците почнале да се загреваат.
Од друга страна, Удалова тврди дека неоправдано е исфрлена од компанијата и дека е законски сопственик на „непокретности“.
„Од различни земји имаме барања да замрзнеме кучиња и мачки. Тоа е причината зошто Медведев сакал да ја присвои фирмата за себе“, објаснила Удалова.
Како што пренесува „Дејли Мејл“, цената на целосниот криогено замрзнување на телата, чини околу 30.000 евра, а зачувувањето на мозоците 13.000 евра. 82 пациенти биле складирани во таа постројка, вклучувајќи 25 странци.
Меѓу сочуваните остатоци се наоѓа и мозокот на доктор Јурија Пичугина, која починала во 2018 година, откако измислила хемиски коктел кој чува луѓе за потомство на температура од минус 196 степени.
Мозокот може да се разбуди по неколку децении или векови и да се оживее во друго тело, убедени се научниците. Додека за едни ова е сценарио од ноќните кошмари, за други ова е шанса за обезбедување на себе си вечен живот.