Според некои податоци повеќе од 700 милиони луѓе секоја година ги поминуваат границите во ЕУ. Поради постојаниот раст на оваа бројка, Брисел во иднина најави план дека ќе воведе детектори на лаги на границите.
Покрај биометриските податоци кои се користат, сега при чувањето на границата ќе се користат и биомаркери кои ќе покажат дали личноста која ја минува границата ја говори вистината или пак лаже.
Првото тестирање е најавено во неколку земји како што се Унгарија, Грција и Летонија. Во овие земји ќе се почне да се тестира системот BorderCtrl, кој ќе се развива и надгледува од страна на ЕУ.
Постапката ќе се спроведува во неколку етапи. Првата ќе се одвива пред патувањето, така што патниците кои ќе сакаат да патуваат, прво ќе мора преку онлајн апликација да внесат фотографија од пасошот, виза и потврда дека имаат доволно пари за престој во ЕУ.
Потоа преку wvb камери ќе одговараат на прашањата на, компјутерски генериран граничен полицаец, таканаречен „аватар“. Тој ќе биде персонализиран за секој патник. Ќе биде ист пол како и патникот, ќе го говори неговиот јазик, а исто така и визуелно ќе го одразува етничкото потекло на патникот.
„Што имате во торбата?“, „Ако сега го отворите куферот, дали содржината ќе го потврди она што сте ми го рекле?“, се само примери од прашањата кои би ги поставил полицаецот.
Во фокус ќе бидат ставени и изразите на лицето кои патникот ги прави. Малите промени на лицето, микродвижењата исто така ќе бидат земени во предвид. Анализата на движењата на лицето, кои често за човечкото око се невидливи, се подрачјето на кое научниците работат со години. Тие тврдат дека тие мали движења на лицето, можат да го издадат патникот дали ја говори вистината или пак лаже.
По споредбата на движењата на лицето и одговорите, како и анализата од добиените резулати, патникот ќе се смести во една од двете категории, нискоризични или високоризични. Во таа фаза патниците добиваат и информации за нивните права и процедурите за предупредување за илегални активности.