Британската јавност исплашена дека Лорд Ротшилд загинал во сударот на хеликоптер и авион

Лорд Џејкоб Ротшилд и уште три лица можеби настрадале за време на еден судар меѓу авион и хеликоптер, кои потоа се срушиле на имотот на Ротшилд во Буцкингхамшир во петокот попладнето.

Остатоците од двете летала паднале од небото откако локалните жители известиле дека прво слушнале гласен татнеж нешто после пладнето. Според властите, пилотот на хеликоптерот и неговиот единствен патник, како и пилот патникот од авионот загинале во несреќата.

Локален жител во разговор со новинарите изјавил:

„Мојот татко слушна страшен татнеж. Мојата мајка вели дека човек, кој се движел во близина, дотрчал до дворецот и назад, и викнал дека се случила несреќа“.

„Тоа не се случило непосредно над неговата земја, туку над шумата која се наоѓа во близина. Мојот татко стигна до местото на несреќата. Секој од присутните и помагаше на итната служба“.

Натаниел Чарлс Џејкоб Ротшлид, четвртиот барун од Ротшилд е член на моќното елитно банкарско семејство Ротшилд.

За него е врежано мислењето дека ја проектирале и испланирала Првата светска војна за да ја присилат британската влада во создавање на Израел и потпишување на Балофурската декларација во 1917 година.

Лорд Ротшилд исто така го фалел Новиот светски поредок кој ќе биде воведен во 2018 година, а кој го водат членови од неговото семејство.

Најмалку седум пожарникарски возила и три возила за потрага и спасување пристигнале на местото на несреќата откако беше упатен првиот повик на 999 во 12:06 часот.

Полициските возила стигнале на местото на несреќата и службениците поставиле шатори над доказите во шумата. Експертите од несреќата се обиделе да сватат што се случило.

Спасувачите лансирале противпожарен дрон над местото на несреќата во обид да ги пронајдат преживеаните, но како што е објавено, никој не бил префрлен во болница.

Податоците од летот, покажуваат дека во несреќата учествувал хеликоптер со две места кој летал на висина од 300 метри на подрачјето во тоа време, но изненадувачки исчезнал од радарот набрзо по 12 часа. Бил во воздух само 15 минути.

Авионот кој се срушил е веројатно „Cessna 152“, популарниот школски авион кој имал место за само еден пилот и уште еден патник.

Авионот полетал од аеродромот „Wycombe Air Park“ отприлика во исто време како и хеликоптерот. Исчезнал од радарот во исто време како и хеликоптерот.

Персоналот од дворецот „Waddesdon Estate“, со кој управува угледното семејство Ротшилд, помогнало да се упатат возилата на итна помош на местото на трагедијата, кога полицијата подигнала масовен кордон околу подрачјето на несреќата.

Дворецот кој е користен за снимањето на филмот „The Crown and The Queen“ во кој глумела Хелен Мирен, беше домаќин на Божиќниот саем во моментот на несреќата.
Портпаролот на службата за истражување на авионската несреќа (ААIB) изјави:

„За истражување на авионската несреќа, од подружницата беше испратен тим за да го истражи сударот во воздух, во кој беа вклучени авион и хеликоптер.

Портпаролот изјави:
„Можеме да потврдиме дека авионот нема било каква врска со нашите воздушни сили или со војската, и тоа е тоа што го знаеме во овој момент“.

 

 

 

Scroll to Top