Бизнисменот Алан Хог (65) и неговата партнерка Нот (61) кои живееле во пространата вила на северот на Тајланд, исчезнале минатата недела.
Пенизонираниот британски милионер и неговата сопруга исчезнале пред пет дена, а на ѕидовите во нивната куќа полицијата открила крв.
Alan Hogg and his partner Nott vanished from their sprawling mansion in northern Thailand last week “without any clues” https://t.co/4mrykxlvhS
— The Daily Record (@Daily_Record) September 24, 2018
Нивното исчезнување било пријавено во четвртокот, кога семеен пријател, неможејќи претходно да стапи во контакт со нив, дошол во куќата и ја забележал крвта.
Крвта ја забележал на ѕидовите во соблекувалните покрај базенот, а сите знаци укажуваат на тоа дека некој сакал да ги избрише.
Се претпоставува дека двојката која престојувала во Фреу, исчезнала во средата, кога повеќе не се јавувале на пријателите.
Братот на Нот, Варут Сачакит, е уапсен поради сомнеж дека учествувал во киднапирањето. Тој е забележан на една снимка од безбедносните камери во моментите додека провалил во нивниот дом и го украл автомобилот во вторникот утрото.
Варут е пуштен со кауција од 2700 евра, сума која ја платиле неговите роднини. Варут негирал дека има некаква врска со киднапирањето, но признал дека го украл возилото. Нивната ќерка пристигнала од Англија за да помогне во истрагата.