Човек на Ердоган се обидува да докаже дека Земјата е рамна плоча!

Толгаи Демир (Tolgay Demir), шефот на младите на владејачката турска партија Правда и развој (AKP), објави текст на почетокот на септември, кој се рашири на интернет, а во кој тој тврди дека Земјата е рамна плоча.

Демир сериозно аргументира дека Земјата е рамна, а за заблудата во која сите „веруваме“ можеме да се заблагодариме на масоните кои ни продаваа погрешно уверение дека Земјата е тркалезна.

Смета дека сите фотографии на Земјата направени од вселената, а кои главно ги дистрибуира вселенската агенција НАСА, се наместени, додека патувањето на човекот на Месечината го смета за американско заложништво кое само го поткрепува митот за тоа дека Земјата е тркалезна.

Но, зошто некој би го уверувал човештвото дека планетата е еден вид облик, а всушност е сосема поинаква? И на тоа Демир има одговор, пишува „Ал монитор“.

„Претставувајќи ја Земјата тркалезна, како што се тркалезни милијардите ѕвезди и планети во вселената, всушност на тој начин се обезвреднуваат луѓето, нешто што го прави и теоријата за еволуцијата.

„Благодарение на системското обожавање на науката, смислата за животот е безначајна. Тоа ги наведува луѓето да станат робови на капиталистичкиот систем“, пишува тој.

Демир всушност ги поддржува ставовите пред  Никола Коперник да ја постави модерната теорија на хелиоцентричниот систем на почетокот на 16 век, а според која луѓето верувале дека рамната Земја е центарот на вселената.

Се разбира, Демир стана предмет на исмејување во медиумите и на социјалните мрежи, а на критиките се приклучи и опозицијата, која посочи дека „водечката партија има назадувачки погледи на светот“. Текстот објавен на страниците на партијата набрзо беше отстранет, а Демир за дневниот весник „Кумхуриет“, изјави дека не тврдел дека Земјата е рана туку дека само „таа идеја е интересна“.

Авторот за „Ал монитор“ пишува дека теоријата на заговор во Турција не е никаква новост, а откако Реџет Тајип Ердоган стана турски претседател, реториката му тргна во таа насока, но главно е работи за опседнатост со странски теории на заговор.

Западот повеќе не е само противник на Турција во политички контекст туку и целата западна цивилизација, вклучувајќи ги и нејзините вредности, институции, култура и наука, нешто во што треба да се сомнева или дури и целосно да се отфрли.

Демир се покажа како екстремен пример на идеолошкото расположение во таа земја.

Опозицијата се плаши дека таквата реторика може уште повеќе да ја оддалечи државата од либерално-демократскиот свет, кој во голем дел владее на Западот, а земјата може да ја турне во авторитарен режим како што владее на Блискиот Исток и Азија.

Турција во вторникот најави нова наставна програма без теоријата на еволуција на Чарлс Дарвин, што ги засили стравувањата на опозицијата дека претседателот Ердоган ги поткопува секуларните темели на државата. Претседателот на синдикатот на наставници ги опиша промените како голем чекор во погрешна насока за турските школи и обид да се избегне воспитувањето на оние генерации кои поставуваат прашања.

„Новите политики кои го забрануваат подучувањето на теоријата на еволуција и бараат од школите да имаат простории за молитва го уништуваат начелото на секуларизмот и научните начела на образование“, изјави Мехмет Балик.

Министерот за образование, Исмет Јилмаз, изјави дека главните елементи на еволуција веќе во научната програма, но дека теоријата на Дарвин нема да се споменува до факултетите.

 

 

Scroll to Top