Далај Лама бил двоен агент на ЦИА, една од најлудите теории на заговор за тибетскиот лидер

Далај Ламау бил двоен агент на ЦИА, е една од најлудите теории на заговор за тибетскиот лидер. Според голем број теоретичари на заговор, ЦИА е вмешана во прогонувањето на духовниот поглавар на Тибет, од земјата и дека таа му помогнала да се спаси од кинеската војска.

Кина го анектирала Тибет во 1950 година. Таа ја тргнала владата и го спровела комунистичкото владеење над тибетското население.

Бруталноста на комунистичкото владеење, го натерала Далај Малау, духовниот поглавар на Тибет, заедно со 80.000 Тибетанци да побегнат и засолниште да побараат во северна Индија, каде живеат до ден денес.

Сепак се чини дека во овој прогон е вмешана ЦИА и дека американската известувачка агенција го искористила Далај за борба против заканата од комунистичката влада. ЦИА успеала од Далај да направи двоен агент.

ЦИА активно се борела против комунистичката закана и работела на создавање на државни удари во борбата против заканата. Во 1954 година, таа направила пуч против претседателот на Гватамела, Хакоб Абренз. Циа ја доживувала Гватемала како комунистичка закана.

Таа обучила 500 бунтовници за востание за уништување на владата во земјата. Меѓу останатите земји тука биле и Бразил, Иран, Чиле, Јужна Кореја, Конго и Доминиканската Република.

Иако сите овие земји се нашле на листата, Кина и понатаму останала најголема закана. Џон Прадос, воен историчар, тврдел дека ЦИА тајно работела во Кина и дека Далај Лама бил двоен агент. Исто така изјавил дека Далај Лама ја поддржувал ЦИА за да ги постигне своите цели во светската доминација.

Прадос не е единствениот кој тврдел дека ЦИА му помогнала на Далај Лама во безбедното бегство од Кина. Авторите како Кенет Конбои и Џејмс Морисон се сомневаат за неговата вмешаност, затоа што агенти на ЦИА кои му помогнале во бегството, имале уреди за радио комуникација, кои кинеската влада не успеале да ги откријат.

Теоретичарите на заговор од 1998 година добиле доказ. Неколку декласифицирани документи им влегоа во очи на јавноста. Тие тврделе дека Централната известувачка агенција, годишно префрлала околу 17 милиони долари на административната сметка на Далај Лама.

Овие трансакции се извршени во 1960 година, за време на Студената војна. Иако истражувачкиот новинар Џим Ман известил дека овие трансакции се обид на ЦИА да ги поткопа заканите кои доаѓале од комунистичка Кина.

Средствата доаѓале со врзан коноп и требало да бидат користени според директивите на ЦИА. Во мемоарите на ЦИА, декласификувани од 1968 година, било истакнато дека која било политичка акција, известувачка операција и пропаганда, ќе биде насочена и поддржана од ЦИА.

Постои голем сомнеж дека во 1958 година, за да покажат поддршка на тибетанскиот отпор, голем број од Тибетанците, посебно биле обучувани од Известувачката агенција.

Теоретичарите проценуваат дека Тибетанците, чиј број се движел од 170 до 240 биле обучени за герилски тактики, вештини за радио управување, координирање на податоците, саботажа и извидувачки операции. Ако востанието почнало во 1958 година, масовниот егзодус почнал дури следната година, што го покренува прашањето за временската рамка која стои зад оваа теорија.

Иако временската линија е климава, останува мистеријата околу трошењето на парите кои ги финансирала ЦИА. Портпаролите на Лама тврдат дека сите пари кои ги имале биле потрошени за изградба и одржување на центарот за лобирање во градовите како што се Њујорк и Женева.

Но, не постојат историски записи за било кои центри за лобирање во тие градови во тој временски период. Изгледа дека парите исчезнале без трага. Но, рускиот историчар Дмитриј Верхотуров, изгледа верува во спротивното.

Тој претпоставува дека сите пари се потрошени на обука за регрутите во Тибет за шпиунски татики. Овие техники барале двојни агенти кои требало да се инфилтрираат во кинеската нуклеарна програма.

Иако нема конкретни докази дека Далај Лама бил двоен агент на ЦИА, не може да се негира дека ЦИА активно му помагала на него и неговиот народ да ја надмине комунистичката закана од кинеската влада.

 

Scroll to Top