Не само што ХААРП програмата постои, туку таа е способна за создавање на некои навистина неверојатни, наизглед природни појави.
Но, тоа очигледно е природно за оние кои се несвесни за можноста на технологијата. Климата дефинитивно подиве во последните децении! А за тоа сведоци се и жителите на Истра каде владееше вистинско невреме. Толку силно што на терен мораше да излезат службите.
И не само на Истра, и во цела Хрватска, Шпанија и речиси низ цела Европа. Сите се бореа со невреме кое беше толку силно што за истото можеше да се посведочи како ја убива стоката и ги уништува автомобилите. Во некои земји, поради големите суши се случуваат огромни пожари, а некои пак се борат со поплави. Иако станува збор за територија на соседни земји, разликите во климата станаа огромни во истите.
Не само што ХААРП програмата постои туку таа е способна за создавање навистина неверојатни навидум природни појави.
Но, тоа очигледно е природно за оние кои се несвесни за можноста на технологијата. Климата дефинитивно подиве во последните децении. А за тоа сведоци се и жителите на Истра каде што владееше вистинско невреме, толку силно што на терен мораа да излезат службите.
И не само на Истра туку и во цела Хрватска, Шпанија и речиси низ цела Европа. Во некои земји поради големите суши се случуваат огромни пожари, а некои, пак, се борат со поплави. Иако станува збор за територија на соседни земји, разликите во климата станаа огромни во истите.
Некогаш се знаеше дека во зима паѓа снег, во лето беше топло, а урагани низ Европа беа непознати. Но, разликата повеќе ја нема, а пролетта и есента како да не постојат. Од зима директно ни стигнува жешкото лето, а од летото директно доаѓа суровата зима. Поплавите, сушите и бизарните климатски феномени владеат низ светот и повеќе ништо не е нормално.
Не треба да се биде експерт да се сфати дека ништо повеќе не е нормално, и дека сите временски (не)прилики сè потешко се поднесуваат. Освен луѓето, кои страдаат од вакви моментални промени, страдаат и посеаните полиња и нивите, всушност сето она што на човекот му е потребно за живот. Сè повеќе сме сведоци на чудни појави на небото, големи бели мрежи кои го прекриваат небото, но и сè поголеми ХААРП облаци, кои се сè почести.
Ништо на оваа планета, ниту една тајна програма на светската влада не предизвикала таков бес, паника и прашања колку што тоа го направи Високофреквентната активна аурорална истражувачка програма (ХААРП), која дава разни можности. Од контрола на комуникација и нарушување на работата на комуникациските канали, па сè до најстрашното, создавање и промена на временските услови, временски катастрофи, преку кои всушност и тоа како може да се управува со сите земјени ресурси, вода, храна и така натаму.
Но, иако за ХААРП постојат голем број студии и текстови, најголемиот број луѓе всушност не сакаат да поверуваат дека постои.
Сите прашања за ХААРП одамна се одговорени, но потребно е само да се гледа со отворени очи и да се бара вистината, а не само да се плука на она што масовните медиумите го нарекуваат „теорија“. Затоа што кога ќе се оттргнеме од медиумски изменета реалност, можеме да ја забележиме вистината.
На пример, научната работа за геометриската модулација за ефикасниот начин на насочување на ELF/YLF генераторите кои ја загреваат долната јоносфера е објавена во списанието „Geophysical Research Letters“, и во неа се наведуваат три методи на геометриска модулација (досег на линија, дофат на заби, и кружен дофат). Истата не само што го испитува фактот дека ХААРП е способен за генерирање и буквално „копање“ на земјата во регионот во некои земји со ELF/YLF бранови туку покажува дека тие земји и тоа како се изложени на ХААРП активностите кои предизвикуваат временски (не)прилики.
Сепак, и Американската поморска истражувачка лабраторија (US Naval Researh Laboratory NRL) додава уште повеќе докази за тоа дека ХААРП е способен да влијае и да го контролира времето, а откриени се и детали кои ги опишуваат активностите на научниците и создавањето вештачки облаци. За таа цел, Поморската лабораторија, соработува „СРИ интернешнл“ – Универзитетот на Аљаска, „Фарибанкс“ – Универзитетот во Флорида и „BAE“ системот (глобалната компанија за развој, достава и поддршка на напредната одбрана).
Исто така треба да се напомене дека експериментот кој ги продуцирал наведените резултати, „производството на облаци“, бил дел од истражувањето на Агенцијата за одбрана „ДАРПА“, компанија позната за темелни истражувања на јоносферските својства и ефекти (BRIOCHE), што само е доказ дека ХААРП се користи како еден вид нвојување. За него можете повеќе да научите преку документарниот филм од „Хистори ченел“, кој ни дава увид за можноста на менување, контролирање и посредно влијание на временските услови, кои во моментов ги поседуваат најмоќните воени сили на светот.
Така можете да видите како таканаречениот „проблем“ со климатските промени и алармот за таканареченото антропогено глобално затоплување е всушност совршено покритие за ваквиот вид експерименти и тајно војување со ужасни последици.
Вистинската природа на ХААРП тестовите за кои известуваше Поморската лабораторија и моменталните тестови се замотани во мистерија, но една работа е сигурна. ХААРП не е само програма која постои туку истата е способна за создавање некои навистина неверојатни и навидум природни појави. Тоа очигледно е природно само за оние кои се несвесни за можноста на технологијата.