Дедото на Трамп не служел војска

Во архивата на Рајнанд-Фалц во Германија е пронајдено писмо од дедото на поранешниот, а можеби и иден претседател на САД, Доналд Трамп, во кое тој бара од баварскиот принц Луитполд да не го депортира од земјата, бидејќи избегнал воена служба.

Како што пренесува АП, весникот „Билд“ отпечатил писмо напишано во 1905 година кое го пронашол историчар, во кое Фридрих Трамп го моли „саканиот и мудар“ принц да не го депортира, што Луитполд го одбил.

Дедото на Трамп е роден во Калштат, кој тогаш беше дел од Баварија, а емигрирал во САД како тинејџер без воена служба.

АП наведува дека откако заработил богатство во Америка, Фридрих Трамп се обидел да се пресели во Германија, но бил протеран, поради што се вратил во САД.

Во тој том е пронајден и извод од матичната книга на родените на дедото на Трамп, изјави портпаролката на таа архива, Изабел Вајсброд.

Scroll to Top