Светот денеска ќе биде на само една минута од глобалната апокалипса и ќе биде објавена новата состојба на часовникот на судниот ден – Doomsday clock.
По тензијата што ја предизвикуваа Северна Кореја, Доналд Трамп и Белата куќа, потенцијалниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, додека Владимир Путин цврсто ја држи власта во Русија, светот продолжува да живее на работ на Армагедон.
Часовникот на судниот ден е замислен за да ја предупреди јавноста за тоа колку сме блиску до уништување на нашиот свет, а го навива одборот кој се состои од научници и други експерти.
Дизајнот на часовникот потсетува на тоа колку е важно да се контролира нуклеарното оружје. Денеска во три часот попладне беше одржана конференцијата за тоа колку сме блиску до катаклизма.
Брус Блер, основачот на компанијата против нуклеарки Global Ziro, тврди дека 2017 била лоша година за часовникот, а следува година со лоша перспектива што се однесува до апокалипсата.
Најголемиот ризик од сè е војната меѓу Северна Кореја и САД, а за тоа најмногу придонесоа нуклеарните тестови на Пјонгјанг и одговорот на Трамп за планираниот одговор на истите.
„Ние се наоѓаме на патот кон конфликтот кој во првата половина од оваа година може да ескалира од конвенционален до нуклеарен и може да ја доведе Кина во конфликт“, вели Блер.
„Можноста од конфликт меѓу Русија и НАТО е зголемена како резултат на меѓусебните наводи за измами во договорите за нуклеарните сили INF (Intermediate Range Nuclear Forces), кои претставуваат основа за регулација на нуклеарно оружје меѓу Русија и НАТО во Европа.
„Нацрт-нуклеарните контроли на администрацијата на Трамп создаваат поголем простор САД први да го употребат нуклеарното оружје, опција инспирирана од наводната руска сајбер-интервенција во западните избори и подготовката на сајбер-бомбата за напад на критичната цивилна инфраструктура (финансии, комуникации, сообраќај и енергија) во раната фаза на конвенционалниот конфликт.
„Понатаму влошувањето се случило и во Јужна Азија, во конфликтите меѓу Индија и Пакистан околу Кашмир, со многу жртви. И двете земји бележат брз напредок во нуклеарното вооружување и заканата на Индија да одговори на пакистанскиот блеф ако на индиска почва се случи уште еден смртоносен терористички напад.
„Ситуацијата бара да се поместат стрелките напред една минута до полноќ, можеби на 1,5 минута понапред. Значи, на една минута или нешто помалку до полноќ“.
На почетокот на 1947 година часовникот е поставен на седум минути пред полноќ. Од тогаш стрелките сè повеќе се доближуваат до полноќ, а стрелките биле наместени на две минути до полноќ во 1953 година откако биле направени тестовите на хидрогенската бомба од страна на САД и Советскиот Сојуз. Уште 17 минути до полноќ имало за време на Студената војна, која заврши во 1991 година.
Се разгледува и опасноста од климатски промени, која исто така има потенцијал да ја уништи цивилизацијата, а шансите се еднакво мрачни.