Соединетите Американски Држави се фатени на дело како се мешаат и ги лажираат изборите во Русија од пред дваесет години, факт кој се чини дека мејнстрим медиумите го забораваат или едноставно одбиваат да го пренесат.
Американскиот политички естаблишмент и корпоративните медиуми и понатаму шират лаги за тоа дека руските хакери се мешале во последните претседателски избори во Америка, а сега и медиумите одбиваат да ја потсетат истата таа јавност за тоа како американската влада го правела истото во Русија во 1996 година.
Пред дваесетина години исклучиво „Тајм“ магазинот известувал за подвизите на американските политички консултанти, кои успеале, на радост на владата на Соединетите Американски Држави, да ја осигураат победата на Борис Елцин.
Америка ги негира „лажните вести“, истовремено одбивајќи да ги третира како успеси на алтернативните медиуми во известувањето за корупцијата. Таа истите такви медиуми ги нарекува „руска пропаганда“, како да заборава дека во 1996 година САД беа земјата што ја експлоатираше Русија.
Станува збор за американски советници кои буквално управувале со изборите во Русија во тој период.
„Резултатот бил неизбежен“, напишал новинарот на „Тајм“ Мајкл Крамер на 15 јули 1996 година.
Претходната зима во 1995 година рејтингот на Елцин меѓу граѓаните бил едноцифрен. Постоеле голем број причини за неговата промена на среќата, но пресудниот фактор останал тајна. Во текот на четирите месеци група американските политички консултанти тајно учествувале во водењето на кампањата на Елцин.
Поради сè поголемата авторитарност и корумпирана економска политика, руската популација била уморна од Елцин и гласалa за традиционалните комунистички лидери. Но, САД баралe да се задржи текот на реформите во Русија затоа што, како што Крамер навел во магазинот „Тајм“, Елцин бил несомнено најдобрата надеж за Русија за движењето кон плурализмот и отворената економија.
Американскиот советник Феликс Браинин бил близок пријател со еден од соработниците на Елцин и помогнал да се направи план за да се влијае на изборите во корист на претседателот Елцин, во кој биле вклучени специјализирани анкети, кампањи со негативно огласување и други алатки типични за американските избори.
Но, планот морал да остане таен, од разбирливи причини.
„Тајноста била на прво место“, изјави Браинин велејќи дека мора да најде некои Американци за да го спроведат овој план на дело. Секој сфатил дека доколку комунистите би дознаеле за планот пред изборите, тие би го нападнале Елцин како американски кандидат. „Нам ни беше потребен силен тим, но тоа беше голем ризик“.
Всушност, овие американски советници, иако биле надгледувани од страна на руските известувачки заедници, својата тајна мисија ја извеле за да го осигураат повторниот избор на Елцин без многу дискреција.
„Американците поседувале визи за безбројни влегувања во Русија, кои биле идентификувани како службеници во управата на претседателот на Руската Федерација“, соопштил тогаш „Тајм“.
„Сталин имал повеќе позитивизам и помалку негативизам од Елцин“, изјавил Дреснер за „Тајм“.
„Ние всушност ги тестиравме Сталин и Елцин во анкетите и тие беа во фокусот на групите. Повеќе од 60% од избирачкато тело верувало дека Елцин бил корумпиран, а повеќе од 65% верувале дека тој ја уништувал економијата. Ние бевме во длабока, длабока дупка“, вели Дреснер.
На крајот тајните американски политички инсајдери воделе успешна пропагандна војна која била несвесна за руското население.
„Ние бевме донесени од Америка за да помогнеме да победи Елцин“, изјавил Гортон за „Тајм“.
Да не дојде до забуна, без американското мешање и тајниот план, Елцин немаше да може да победи во изборите во Русија во 1996 годинна.
Без оглед на тоа дали Русија се мешала или не во изборите во САД, дваесет години подоцна, во изборите за кои Америка и ЦИА нема ниту еден непобитен доказ за какво било руско влијание, не би требало да изненадува што тој ист политички естаблишмент така безобразно ги манипулира медиумите во своја корист.