Љубовта може да биде нежна и грижлива, но за некои знаци на хороскопот, таа вклучува и доза на контрола, страв од загуба и желба партнерот да „припаѓа само на нив“. Не станува збор за злонамерна намера, туку за длабока емоционална приврзаност и потреба за безбедност. И додека повеќето знаат како да повлечат граница, овие два знака честопати тешко се справуваат со несигурноста во љубовта, и тогаш се раѓа посесивноста.
Шкорпија
Ако постои знак кој сака интензивно и го штити она што го сака уште поинтензивно, тоа е Шкорпијата. Нивната љубов доаѓа во најдлабоката и најстраствена форма, но заедно со неа доаѓа и потребата за контрола. Шкорпиите тешко се справуваат со неизвесност и двосмислени ситуации. Ако почувствуваат дека нешто излегува од контрола, стануваат недоверливи, љубоморни и екстремно заштитнички настроени. Не им е доволно само да им веруваат, тие сакаат да чувствуваат целосна посветеност. Сè што е помалку од тоа е закана за нив.
Бик
Биковите можеби не изгледаат драматично, но кога сакаат, тоа го прават од длабоко убедување дека врската е нешто што треба да трае. Тие ја ценат стабилноста и рутината, а секоја промена во однесувањето на нивниот партнер може да ги вознемири. Посесивноста на Биковите доаѓа од нивната внатрешна потреба за безбедност, тие сакаат да знаат каде се, со кого се и што да очекуваат. Иако не реагираат бурно како Шкорпиите, нивната тврдоглавост и тивко сомневање можат да создадат чувство дека постојано ве следат.