Двајца американски војници знаеле дека Освалд не го убил Кенеди

Двајца американски војници случајно ги пресретнале плановите на државниот врв за убиството на Џон Ф. Кенеди, претседателот на САД, за време на дешифрирањето на пораките што стигнале до нив. Ова е наведено во неодамна објавените фајлови на ЦИА за убиството на поранешниот американски претседател.

По обидот да ја објават оваа информација, војникот од прва класа, Јуџин Динкин, кој работел како оператор за криптографско шифрирање, бил замолчен. Тој бил испратен во психијатриска установа. Дејвид Кристенсен, наредник во воздухопловството, кој ги слушнал плановите на ЦИА, исто така бил испратен во ментална институција.

Џери Крот, доктор и професор на Универзитетот „Санта Клара“, ги разгледал фајловите на ЦИА врз основа на тоа што било напишано во книгата „Државен удар, убиството на претседателот Џон Кенеди“.

Тој ја има комплетната приказна

Во ноември 2017 година претседателот Трамп објавил 35.000 документи за убиството на Кенеди, кое било криено половина век. Трамп сакал да објави повеќе, но од ЦИА му побарале повеќе време. Им дал шест месеци, а на 26 април оваа година биле објавени 18.000 документи.

„Медиумите едвај го покриле целиот настан. Сѐ на сѐ, известувањето во најдобар случај минало површно, а во најлош случај патетично.

Овие документи во целост ги менуваат нашите сфаќања за атентатите на Џек Руби, Марина Освалд, Дејвид Фери, Ричард Хелмс, Едгар Хувер и секако Линдон Џонсон.

Ви го претставуваме Јуџин В. Динкин. Два документа се објавени за овој човек во ноември. Тоа го привлече моето внимание.

„Искрено, како академик што напишал две книги за Џон Кенеди јас никогаш не сум слушнал за него. Јуџин работел во Мец во Франција. Тој бил оператор за криптографското шифрирање за американската војска, а на почетокот на ноември 1963 година, три недели пред атентатот, открил нешто вџашувачко. Заговорот и атентатот направен врз Џон Кенеди, претседателот на САД. Тој пресретнал или декодирал две пораки, а имињата кои ги пренел денес имаат многу смисла. Жан Суетре, Гај Банистер и Вилијам Харви.

„Тоа се случило во 1963 година, но во 2007 година, поранешен службеник на ЦИА, Хауард Хан, на смртна постела го изнел признанието на својот син. Тој му раскажал за убиството на Џон Кенеди и споменал двајца од осомничените. Неговиот син ги собрал белешките и направил видеоснимка од својот татко. Откритието на Хант денеска може да се види и слушне на „Јутјуб“.

На почетокот на ноември Динкин бил загрижен поради своето откритие, па напишал пријателско писмо до Роберт Кенеди. Во писмото тој го предупредува Роберт за заговорот за атентатот кој е во тек и дека тој ќе се случи во Тексас на 28 ноември. Динкин изјавил дека плановите биле за убиството да се обвини комунист или црнец. Тој имал сериозни сомневања дека неговото писмо некогаш ќе успее да стигне до него, па ја напуштил својата работа и заминал за Швајцарија во просториите за информирање на Обединетите нации, каде што мислел дека ќе добие подобар прием. Американската војска го собрала и испратила во Волтер Рид на психијатриско одделение. Бил затворен во наредните шест месеци. Две објавени телеграми велат дека Динкин заминал во Женева на 6 ноември со својата приказна.

Тоа е точно 17 дена пред убиството на Џон Кенеди. Ни ФБИ ни комисијата на Ворен никогаш не го истражила случајот со Динкин и покрај неговите јасни предвидувања.

Вториот војник исто така се појавува во објавените документи на Трамп. Целосно независно од Јуџин Динкин. Станува збор за Дејвид Кристенсен. Постојат два документа на ЦИА за него што се објавени во април. Кристенсен бил наредник на воздухопловството, кој бил сместен во Киркнјутон во Шкотска. Тој ја пресретнал комуникацијата непосредно пред ноември 1963 година дека ќе се обидат да извршат атентат врз претседателот Кенеди.

Малку суштински информација покрај овој факт е тоа што Киркњутон бил во базата на РАФ, која била поврзана со ЦИА. Таа ја користела како тајна станица за прислушување. Кристенсен слушнал нешто што не требало да го слушне. Тоа го слушнал во тајната станица на ЦИА за прислушување. Кристенсен, исто како Јуџин Динкин, веднаш бил испратен во ментална институција.

Тука би требало да се постави важното прашање поврзано со сите објавени документи. Зошто тие се криеле половина век?

„Очигледно, ако две психотични лица зборувале за убиството на Џон Кенеди и двете се затворени во ментални институции како лица со нарушено однесување, таквите приказни би требало да претставуваат само таблоидни приказни и да не се подигне нивото на национална безбедност. Со оглед на фактот дека овие приказни никогаш не биле излезени во јавноста, туку се криеле и од неа и од научниците повеќе од 5 децении, сигурно дека сега вредат многу повеќе.

 

Двата оператора за шифрирање во тајните американски воени инсталации се прилично независни еден од друг. И двајцата очигледно биле со овластувања. Ја откриле тајната приказна за претстојниот атентат на претседателот на САД. Ако се сфатат сериозно, тоа би значело дека станува збор за длабок заговор кој вклучува владини и воени заговорници на високо ниво. Сигурно не станува збор за малиот Ли Харви, кој ги средувал учебниците во складиште за 1,25 долар за час.

„Да се зачува митот на комисијата на Ворен, дека само еден осамен атентатор го убил претседателот, било неопходно. Било неопходно ваквата вест да се скрие и да се тргне од очите на јавноста. Нешто што на крајот навистина и се случило. Чудо е што овие фајлови воопшто преживеале со оглед на нивното значење“, вели на крајот Крот.

 

 

Scroll to Top