Експерт тврди дека ја знае точната локација на исчезнатиот малезиски авион

Исчезнатиот малезиски авион MH370 би можел да лежи на дното на Индискиот океан, распарчен на илјадници делови недалеку од местото каде службите го барале. Ова се тврди во документарецот на Национална геофрафија „Да ги исушиме океаните“, во кој актерите се обидуваат да откријат каде се наоѓаат остатоците од ова летало.

Во документарецот експертите тврдат дека ја знаат точната локација на MH370.

Со помош на специјални компјутерски графики, експертите го исушиле подрачјето од оваа област, со цел да го доловат моментот каде авионот би можел да заврши и како би изгледал по падот. Доколку е вистина тоа што го велат, остатоците од авионот на тоа подрачје би можеле да бидат распрснати на километри.

Црната кутија би требало да открие кој се бил во кокпитот, а цилиндрите со кислородот би покажале дека нивото на притисок во леталото е намерно променето.

Енди Шерел, експерт кој веќе 4 години е во потрага по авионот, вели дека моментот кога ќе го пронајде, за него чувството ќе биде истовремено и извонредно, но и тажно.

„Тоа би било надреално чувство во смисла дека конечно би го пронашле местото каде авионот завршил, но од друга страна, ќе биде и тажно. Секако за олеснување ќе биде фактот што ќе добиеме одговор на многу прашања“, вели тој.

Океанографот Дејвид Грифин верува дека ја пронашол точната локација на основа на делот на крилото кое е пронајдено на островот Реунион.

Тој се прашувал зошто ниту еден дел од леталото не испливал на брегот на Австралија кога струиите влечеле кон таа страна.

Областа во близина на Австралија е исклучена во тој дел од потрагата, а потоа се истражувале струите кои владееле тие денови кога исчезнал авионот. Заклучено е дека струите морале да го повлечат авионот кон југ.

Оваа област досега не е пребарана. Авионот на малезиската авиокомпанија исчезна на 8 март 2014 година, а покрај бројните пребарувања, досега не е пронајден.

 

Scroll to Top