Жените кои биле жртви на американскиот милијардер обвинет за педофилија и детска проституција, Џефри Епстајн, за време на судењето изјавиле дека се тажни и бесни поради неговото самоубиство во њујоршкиот затвор, наведувајќи дека со тоа им е ускратена шансата за правда.
„Тој е кукавица. Правдата во овој случај не е задоволена“, изјавила Кортни Вајлд, која вели дека Епстајн сексуално ја злоставувал на Флорида кога имала 14 години.
Судијата од окружниот суд Ричард Бермен го закажал рочиштето кое го претставувало случајот во кој обвинителите го обвинија Епстајн дека сексуално злоставувал малолетнички, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.
Сослушувањето е одржано иако според вообичаената процедура случајот се затвора по смртта на обвинетиот. Но, судијата на жртвите на Епстајн им овозможи невообичаена можност нивниот глас да го слушне и судот и по неговото самоубиство на 10. август.
Жените изјавиле дека преживеале и дека се надеваат дека нивниот јавен настап ќе ги охрабри и другите жртви да се опорават. Епстајн кој е уапсен на 6. јули, се изјаснил дека не е виновен за обвинувањата за трговија со луѓе, во кои биле вклучени десетина малолетни девојки од 14 години, во периодот од 2002 година до 2005 година.
Претходно Епстај признал дека заведувал и имал сексуални активности со малолетнички во 2008 година, по што минал 18 месеци во затвор откако се согласил на договор за признавање на вината.