Ердоган го избрка ММФ од Турција

Анкара повеќе нема да позајмува пари од Меѓународниот монетарен фонд (MMF), изјави турскиот претседател Реџет Тајип Ердоган.

„Турските економски показатели покажуваат дека земјата е на добро ниво во споредба со други земји“, изјавил Еродган на конференција во неделата, додавајќи дека поглавјето на ММФ во земјата е затворено засекогаш.

Минатата недела владата на Ердоган беше критизирана од страна на опозициската партија CHP, поради ангажирање на меѓународната консултантска компанија „McKinsey“, за да ја процени економијата на секој од последните три квартали. Опозицијата вели дека тие покажуваат недостаок на доверба во економијата на земјата.

„Го решивме долгот од 23,5 милијарди долари од кога стапивме на должност. Го исплативме долгот во 2013 година. Зарем не сме ние тие кои ја спасивме оваа земја од ММФ?“, изјавил Ердоган минатата недела, одговарајќи на критиките.

„Турската лира изгуби околу 40% од својата вредност оваа година, додека инфлацијата е над стапката на средишната банка од 24%.

„Инфлацијата беше разочарување на сите фронтови. Реалните каматни стапки сега се значително негативни, па масивното зголемување на стапката во јуни сега е целосно компензирано“, изјавил Гијом Трес, висок стратег во Credit Agricoley, пренесува Ројтерс.

Но, Турција и понтаму останува земја со ниско ниво на долг.

Турскиот јавен долг од 28 отсто и 16 отсто од учеството на долгот на домаќинствата во БДП се приближно половина од просекот во земјите во развој, изјавил министерот за финансии, Берат Албајрак.

 

 

 

Scroll to Top