Фармацевтски компании ќе ја убиеле сопругата на Чак Норис

Чак Норис тужи 11 компании, вклучувајќи ги и „Мекесон“ и „Брако“, компании за кои популарниот актер смета дека речиси ќе ја убиеле неговата сопруга Џена.

„За жал, судската постапка е единствениот начин на дејствување преку кој можеме да ги посочиме фармацевтските компании за одговорни за доведување во опасност на животите на многу невини луѓе“, изјавила Џена.

„Џена и јас неодамна дадовме изјави во врска со процесот на кој мојата сопруга беше подложна. Ѝ беше извршена магнетна резонанција (МРИ), односно дијагностичка техника со која преку магнетното поле и радиобрановите се добива детаљна слика за мекото ткиво и за коските во телото. Ние не се сомневаме во добрата страна на оваа техника и тоа што таа може да го направи. Говориме за опасноста од користењето на „гадолиниумот“ во ваквиот процес. Станува збор за тежок метал што се вшприцува во телото со цел да се подобри магнетната резонанција. Тоа им се прави на третина луѓе од 60 милиони МРИ-прегледи во светот. 30 милиони се во САД, што значи се користи кај еден на секој 10-ти Американец, вклучувајќи ги и децата“, вели Чак Норис.

Заговорниците сметаат дека за ваквиот метал, кој се наоѓа во телото, иако по некое време човечкото тело природно го исфрла, првенствено преку бубрегот, сепак истражувањата покажале дека може да се задржи во мозокот, коските, кожата и во другите телови од телото“, вели Чак Норис.

Во тужбата што ја има поведено Чак Норис е наведено дека неговата сопруга Џена е отруена од „гадолиниум“. Ѝ била потребна дополнителна хоспитализација за која биле потребни дополнителни 2 милиона долари.

Џена добила болки во телото, оштетен бубрег, губење на енергијата и тешкотии во дишењето.

Таа била подложна на редовни терапии со матични клетки со цел да го излекува целиот нервен систем.

За нејзиното лекување Норис побарал и алтернативни методи, кои не биле стандардизирани од страна на мејнстрим-медицината. Третманите на кои Џена била подложна овозможиле од нејзиното тело да биде отстранет „гадолиниумот“, супстанција што не е одобрена од страна на Светската здравствена организација за лекување.

Првата тужба Норис ја поднел во 2016 година и уште тогаш тој обелодени дека пациентите не биле прописно предупредени за ризикот поврзан со „гадолиниумот“.

 

 

Scroll to Top