ФБИ го откри популарниот сериски убиец познат како Зодијак

Американското Федерално истражно биро, ФБИ, го идентификуваше убиецот познат под името Зодијак. Ова го тврдат група истражители кои се занимаваат со таканаречените студени случаи, под името „Кејс брејк“. Во прашање е Гари Франсис Пост, ветеран од воздухопловните сили на САД, кој починал во 2018 година.

Се верува дека тој стои зад убиството на најмалку пет лица на крајот на шеесетите години. Новинарот Томас Колберт тврди дека изворот од ФБИ го потврди дека Пост, кој претходно бил идентификуван како убиец, во моментов е на врвот на листата на аенцијата како главен осомничен за убиства кои никогаш не биле разрешени.

Колберт тврди дека лабораторијата на ФБИ успеала да земе ДНК од Пост, која го поврзува со убиствата. Оттаму велат дека полицијата претходно не ги истражила доволно обвиненијата против него додека бил жив.

„Пост се водел како осомничен за сериски убиства уште од 2016 година, но никогаш не беше сериозно истражен“, рече Колберт.

Тврди дека Пост пред смртта на неговите пријатели им поделил оружје, делови од пиштол, барут и куршуми од 25 различни калибри, кои го поврзуваат со убиството.

Потврдено е дека Зодијак убил пет лица во Северна Калифорнија во шеесетите години од минатиот век, но се верува дека бројот на жртвите е околу 30. Самиот убиец во пораките кои им ги испратил на полицијата навел ека убил 37 лица. ФБИ последен пат во октомври 2021 година, потврди дека случајот Зодијак сè уште е отворен.

Група истражители од Кејс брејк тврди дека пронашла докази кои Пост го поврзуваат со сите убиства и дека федералните полициски власти ги игнорирале доказите. Тие разговарале со голем број луѓе кои го познавале Пост, меѓу кои и негови комшии и девојката на неговиот син.

„Како и полицајците и федералните агенти се соочуваат со голем број случаи, константни тренинзи и усовршување на чудни правила и бирократија“, рече анонимен извор од ФБИ.

Официјално, од канцеларијата на ФБИ во Сан Франциско, не сакале да ги потврдат наводите за идентификација на Зодијак, наведувајќи дека случајот и понатаму е отворен.

Серискиот убиец е наречен Зодијак, поради криптограм и астрошолкиот симбол кои им ги испратил на полицијата. Нерешените случаи на убиствата со децении биле инспирација за да се напишат голем број книги и да се снимат документарни серии и играни филмови.

 

Scroll to Top