ФБИ откри милитантна група која планирала атентат на Обама, Клинтон и Сорос

Лари Хопкинс познат како лидер на вооружена група Обединети уставни патриоти, која ги спречува мигрантите илегално да ја преминат границата од Мексико во САД, е уапсен под обвинението дека обучувал група на луѓе, со цел да го убијат поранешниот претседател Барак Обама, Хилари Клинтон и Џорџ Сорос пренесува „Си-Ен-Ен“.

Сведоци тврдат дека го виделе Хопкинс на неговиот имот како обучува околу 20 лица од неговата воена групација, со цел да извршат атентат врз двајцата американски политичари и првиот човек на невладината организација. Во судските списи кои ги доставиле ФБИ, се споменува Антифа, групација која е поврзана со борба против фашизмот.

Хопкинс бил уапсен во петокот, а обвинет во понеделник за незаконско поседување на оружје. ФБИ агентите откриле девет типови на оружја и муниција за време на пребарувањето на неговиот имот.

ФБИ вели дека и самиот Хопкинс изјавил дека ги обичувал луѓето за да ги извршат атентатите врз Обама, Клинтон и Сорос, но не е откриен датумот кога точно тој ја дал ваквата изјава. Неговиот адвокат вели дека неговиот клиент е невин и дека пронајденото оружје не е негово.

 

Хопкинс заедно со неговата воена групација, им помогнале на официјалните лица да уапсат околу 5600 мигранти во пустината во Ново Мексико во последните 60 дена.

ФБИ во судските документи, пишуваат дека во 2017 година сведоци го обвиниле Хопкинс дека го планирал убиството врз Обама и поранешната претседателска кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, како и финансискиот магнат Џорџ Сорос.

Сведоци велат дека го забележале Хопкинс како тренира околу 20 милитантни членови вооружени со АК-47 пушки и друг вид на оружје на неговиот имот. Хопкинс доколку биде осуден би можел да се соочи со максимална казна од 10 години. До неговото судење на 29 април, тој ќе остане во притвор.

Scroll to Top