Компанијата „Фејсбук“ го најави во април мошне амбициозниот план, во иднина ќе може да ги чита мислите на корисниците на својата социјална мрежа.
Технолошкиот гигант во моментов работи на развој на хардвер кој ќе им овозможи на корисниците да исраќаат зборови од својот мозок во компјутерот само со помош на своите мисли.
„Звучи невозможно, но реалноста е поблиску отколку што мислите. Овој систем би можел да биде достапен за сите за неколку години“, изјави Реџина Дуган, шеф на тимот на „Фејсбук Булдинг 8“, кој работи на оваа технологија.
Дуган додаде дека технологијата на читање мисли ќе им овозможи на корисниците трипати побрз транспорт на мислите отколку чукањето на тастатурата на смартфонот.
Говорејќи на Медиа лаб конференцијата на Технолошкиот институт во Масачусетс во понеделникот директорот на проектот и неуролог Марк Шевије изнесе неколку интересни детали во врска со функционирањето на новиот систем.
Неговиот тим ќе ги користи неиванзивните сензори за детектирање на мозочните сигнали, поврзани со мислите и зборовите кои личноста ќе ги изговори. Напредниот компјутерски алгоритам потоа ќе утврди кои зборови корисникот ќе сака да ги изговори. Завршниот збор ќе го има вештачката интелегенција, која ќе утврди на кој збор корисникот мислел.
„Билдинг 8“ исто така ќе користи технологија наречена дифузна оптимална томографија, која на мозочното ткиво ќе му емитува светлосна фреквенција, слична на инфрацрвена, и ќе ја чита активноста на неуроните на основа на распростирањето на светлината.
Шевија откри дека „Фејбук“ ја применувал оваа мерка затоа што се покажало дека корисниците не сакаат да ја користат гласовната опција на испраќање порака во близина на други луѓе, иако претставува значително побрз начин од традиционалниот, куцање по тастатурата.
Така, „Фејсбук“ не е единствената компанија која работела на развој на технолигијата на читање мисли. Дуган, која претходно се наоѓала на чело на „DARPA“, вели дека организацијата инвестирала огромни количини пари во технологија заснована на поврзување на корисниците со компјутерот со помош на мислите, со цел лечење ментални болести и враќање на сеќавањата кои војниците ги изгубиле во војната.
Претходно оваа година директорот на компанијата „Тесла“ и „Спејс Х Илон маск“ ја претстави новата компанија „Неуралинк“, зад која стои идејата на поврзување на човечкиот мозок со машините преку уредите кои едвај се видливи со човечко око, а слична идеја има бизнисменот Брајан Џонсон, од Силицијумската долина.
Крајната цел на „Фејсбук“ е изградба на онлајн свет кој ќе изгледа пореален од сегашниот систем на виртуелна реалност.