Од НАСА објавија фотографија од небото над Исланд за која велат дека е прикажан феномен кој многу потсетувал на змеј што се подготвува да испушти оган од устата.
Од НАСА веруваат дека станува збор за аурора бореалис, феномен што е предизвикан од честичките од емитувањето од Сонцето, кои се разбиваат во атмосферата и на тој начин предизвикуваат неверојатна светлина.
„Дали некогаш сте виделе змеј на небото? Иако вистинските летечки змејови не постојат, огромната аурора во облик на змеј се има развиено на небото над Исланд уште на почетокот на овој месец“, напишале од НАСА.
„Аурора предизвикала дупка во Сончевата корона која ги исфрлила набиените честички преку соларниот ветер кој следел по промената на меѓупланетарното магнетно поле до Земјината магнетосфера“, дополниле од НАСА.
Од НАСА веруваат дека ваквата појава се јавува во време кога Сонцето не емитува толку наелектризирани честички или „сончев ветер“, како што е тоа вообичаено во оваа доба на годината.
Dragon Aurora over Iceland #space #nasa pic.twitter.com/CdE5eX8oVM
— Morissa Schwartz (@MorissaSchwartz) February 18, 2019
„Во февруари немало никаков сончев ветер, што предизвикало да дојде до живописна аурора“, велат од НАСА.
Инаку, ваквиот феномен не предизвикува звук, иако поединци сведочат дека на одредени места слушнале некакви звуци за кои верувале дека биле предизвикани од поларната светлина.