Во дваесетиот век се појавиле голем број на теории на заговор, особено оние кои биле на еден или друг начин поврзани со Холивуд или филмската индустрија. Тогаш се рашириле гласини за филм малку познат на јавноста.
Оние кои биле запознати со неговата содржина велат дека во истиот е предвидена Втората светска војна, но и 11 септември, кога беше извршен терористичкиот напад врз Кулите близначки во Њујорк.
Станува збор за научно-фантастичниот филм High Treason кој бил снимен во 1929 година. Тогаш се сметал за исклучително важен, а и денес се смета како дел од историјата на кинематографијата.
Подоцна била објавена и друга верзија, која не била нема а биле додадено неколку сцени. Со тоа овој филм станал прв британски звучен филм.
Првата верзија била нема и токму таа верзија со текот на години опстојала. Била успешно рестаурирана. Со децении владееле убедувањето дека само „немата“ верзија на филмот е достапна, а дека верзијата со звук била трајно изгубена. Тоа се променило кога колекционер на филмови од Вашингтон ја пронашол во една архива.
За негова жал, тој не можел да пронајде луѓе кои би му помогнале во тоа да лентата се врати во првобитна состојба и да се усогласи како што треба. На крајот, филмот бил испратен на Аљаска во Alaska Moving Image Presevation Association. Човекот бил убеден дека на филмовите имало снимки кои биле поврзани со Аљаска.
Тоа го проценил од натписите на кутиите. Вработните во институциите биле изненадени кога разбрале што всушност добиле. Она што исто така е интересно е тоа што филмот никој не може да го разбере во самиот заплет.
Гледачите се свесни дека се работи за футуристичката 1940 година, а го опишува периодот кога теренот се подготвува за Втората светска војна. Филмот се заснова на драма опишана од пацифистичкиот писател по името Ноел Пембертон Билинг. Ноел не само што го предвидел бомбардирањето на цивилите во текот на војната, туку ги предвидел и терористичките акции кои го уништуваат американскиот солтер.
Откако на Аљаска го рестаурирале филмот и го погледнале, го објавиле извештајот за тоа што сметаат дека го имало на филмот. Велат дека станува збор за приказна, во која светот е поделен на две големи суперсили. Царството на атланските држави (САД, Канада и Аљаска) и Федерацијата на европски држави со Јапонија и Кина.
„Постои и таканаречена „лига на мирот“, или противтежа на хушкачите на војната. Тоа е дел од филмот“, се вели во извештајот од Аљаска. Пишува и за тоа дека во филмот постојат неколку сексуални стеротипи вметнати во сценариото, но извештајот тврди дека до ден денес филмовите се продаваат на премиси на силни, згодни мажи и убави жени кои сакаат да патуваат.
Филмот е снимен според делот на Ноел во 1929 година, а го режирал Морис Елви. Премиерата се случила на девети октомври 1929 година на саем на занаети, а во кината се прикажувал месец дена подоцна.
Звучната верзија била објавена во САД на 13 март 1930 година. Немиот филм и оригиналната најава се чуваат во Британскиот филмски институт, додека единствена копија од звучната верзија на филмот и понатаму се чува на Аљаска.