За канадската пејачка Аврил Лавињ (36), со години кружат теории на заговор дека е мртва и дека наместо неа во јавност се појавува нејзината двојничка по име Мелиса. Сега сите внимателно ги анализираат фотографиите од неа, каде и да се појави.
Последен пат таа е сликата со дечко ѝ, Мод Сан. Некои од фановите буквално ја опколија за да и земат автограм и ја фотографираа. На некои од сликите, на кои Аврил е во крупен кадар, се гледа нејзиното лице, а судејќи по коментарите, нешто како да не е во ред со неа.
Аврил била во темна гардероба, а преку лицето носела црна заштитна маска, така што нејзините очи биле во прв план. Многумина велат дека пејачката делувала тажно и исплашено.
„Што е со оваа девојка? Делува загрижено? Баш е фина, се слика дава автограми? Зошто е толку уплашена? Изгледа како да не и е пријатно? Што е тоа што ја загрижува?“, биле некои од коментарите.
За потсетување, Аврил на 17 години стана најмладата женска соло пејачка која успелаа да се најде на првото место со најпродаван албум во Велика Британија. Успешната низа ја продолжи со хитовите Sk8er Boy, My Happy Ending, и I’m With You.
Некои фанови и денес тврдат дека Аврил не е меѓу живите и дека умрела во екот на нејзината популарност и дека сега ја менува девојка со име Мелиса, која многу личи на неа.
На една интернет страна пред неколку години, се појавија неколку шокантни теории на заговор, во кои се тврди дека славната пејачка Аврил си го одземала животот на 18 години, а дека од 2003 година, во јавноста се појавува нејзина двојничка.
Аврил не можела да го поднесе теретот на славата, што ја чинело живот, а непосредно пред смртта, таа запознала девојка која многу личела на неа, со која се договорила да се претставува како пејачка во јавноста.
Во моментот, Аврил е во врска со 34 годишниот пејач Мод Сан, со кого често фановите можат да ги видат на плажа во Малибу. Зад неа се два пропаднати брака, со фронтменот на бендот Nickelbeck, Чад Крегер, со кого беше од 2013 до 2015 година, а со пејачот од бендот Sum 41, Дерик Вајбли од 2006 до 2010 година.