Германската „златна младина“ ги префрлала бегалците од криумчарските бродови до италијанските пристаништа на ЕУ

Oрганизацијата „ONG Jugend Rettet“ e основана во 2015 година, од страна на млади Германци, на возраст од 20 до 30 години, од добро ситуирани семејства, кои имаа за цел да ги спасуваат илегалните имигранти од воените простори и да ги префрлат во Европа.

Постојат и снимки на кои се гледа како екипажот од бродот на германските невладини организации „ONG Jugend Rettet“ (Спасувачка надеж) ги префрлаат мигрантите со бродови на „ONG“, а потоа ги транспортираат до италијанските пристаништа.

На основа на тие снимки, обвинителот во италијанскиот град Транаија, Амброџио Картосио, покренал истрага и од судот за прелиминарна истрага на Емануеле Церсосима, побарал заплена на бродот. Иувента бил во сопственост на „ONG Jugend Rettet“.

Пловилото на италијанската крајбрежна стража го пресретнал бродот „Iuventa“ и го придружувал до островот Ламедуса поради истрагата.

Во некои случаи од ваков тип, се интервенира за да се спасат човечки животи во Средоземното море, а во повеќето случаи, под крилата на „ONG“ луѓето се префрлат од бродовите на либиските криумчари на луѓе, до бродовите на италијанската крајбрежна стража или морнарица“, изјави Картосио пред новинарите.

Снимките поради кои се „обвинети“ младите германски спасители, покажуваат три операции во периодот (од 18 и 26 јуни оваа година, до 10 септември 2016 година), кога се префрлале бегалците.

Нема потврда дека екипажот на бродот „Iuventa“ за таа операција добиле пари, но постојат средби меѓу екипажот на бродот ONG и либиските луѓе. Картозио го изнесе своето лично мислење, односно дека младите Германци го направиле тоа од хуманитарни причини.

Бродот Иувента делува на просторот на либиското море. „ONG Jugend Rettet“ е основана од млади Германци, од 20 до 30 години, од добро ситурани семејства, за да ги спасуваат имигрантите од воените простори. Се поставува прашање само, од кои воени простори?

Купиле старо рибарско пловило, и во германското пристаниште Ендем го претвориле во брод за спасувачки операции.

Пловилото е изградено во 1962 година. Пловело под холандско знаме, а долго е 22 и широко 7 метри. Од почетокот на летото минатата година, плови низ Медитеранот и ги спасува бегалците. Најмалку три пати, како што покажуваат снимките. Младите Германци имале договор со либиските кријумчари.

 

Scroll to Top