„Бев новинар 25 години кога ме обучуваа да лажам во текстовите и како од вистината да направам лага, а јавноста никогаш да не дознае што навистина се случило“, изјавил во своето обраќање пред светот германскиот новинар Удо Улфкот, пренесува new.euro-med.dk.
Цензурата на американските медиуми се случила и за време на говорот на аргентинската претседателка на состанокот на ОБ во Њујорк, кога за време на нејзиното излагање бил изгаснат преносот, само затоа што претседателката сакала да ја предупреди јавноста на злосторничките походи на САД на Блискиот исток.
Примерот на американските медиуми го следеле и сите други светски медиуми, така што целиот свет бил оневозможен да го слушне нејзиниот говор. Зошто луѓето не смеат да ја слушнат вистината? Зошто е тоа важно?
Се што се пласира од страна на мејнстрим медиумите во светот е лага, а за тоа говори и еден германски новинар кој веќе подолг период бил желен да ја открие вистината за мирот.
Улдо го предупредил светот дека живееме во бескрајна илузија која ја кројат медиумите и нивните сопственици. Истите тие се дел од елитната врхушка која управува со светот преку лагите и манипулациите. Овој новинар само потврдил дека луѓето се воведени во една мрежа на лаги преку елистичките поединци кои во моментов имаат за цел да предизвикаат војни. Се прашувате зошто војни?
Целта е луѓето во целост да осиромашат, а по војната, Новиот светски поредок им се претстави како еден вид на спас за човештвото. Фактот што на луѓето веќе им се испрани мозоците, е тоа што го гледаме и слушаме во секојдневието. Создавање на демонизирано општество, кое ќе има за цел ни повеќе ни помалку, човекот да го доведе до апсолутно безумие.
Германскиот новинар 25 години работел во престижни германски медиуми. Сега се одлучил на ваков чекор, со цел на луѓето им ја открие шокантната вистина за манипулацијата и пропагандата со која се сака да се вовлече човештвото во Трета светска Војна.
„Последните неколку месеци одлучив да раскинам со лагата и на јавноста да им пренесам како американските и германски/мејнстрим медиуми лажат со цел да предизвикаат војна со Русија. Тоа е поентата на сето ова, и нема враќање назад. Сега на сите сакам да им кажам дека тоа што сум го правел во минатото не е во ред. Не е во ред ниту тоа што го правеа моите колеги. Јас не сакам да се повтори војната и тоа е причина поради која излегов од пренесувањата на лажлива пропаганда. Морате да знаете дека војната никогаш не избива сама од себе. Луѓето тајно се хушкаат во војна и тука политичарите се помалку важни. Во тоа најмногу учествуваат медиумите и новинарите кои се обучени за тоа“, вели Улдо.
Како може да се направи војна?
Во подолното видео на кое е прикажан документарец може да се забележи како властите и медиумите ги вовлекле САД од една војна во друга, уште од периодот на Виетнам па се до Ирак.
„Сега пишувам книга во која ќе и прикажам на јавноста за големите измами и лажења и манипулирања на јавноста за потикнувањата на војните. Тоа е страшно, повеќе не сакав да ги лажам луѓето и доста ми е од лажните пропаганди кои никако не ја отсликуваат демократијата која ви ја пласираат како ни слободните медиуми, а кои морате да знаете, воопшто не постојат. Пример за тоа сум јас, како и моите колеги кои имавме за задача, стриктно одредено да ја нахушкаме Европа да влезе во војна со Русија. Ми беше дадено стриктно одреден текст да го напишам против Русија и да биде проамерикански. Морав да ги поддржам ЦИА и НСА, но и Трансатланскиот договор на Европа и САД и да го прикажам како нешто добро, иако сите знаат дека тоа не е така, како што не е добро ниту да влеземе во војна заедно со САД. Тоа повеќе нема да го правам и поради тоа ќе ја издадам книгата. Нема да биде тоа за пари како што многумина сметаат. Сакам целиот свет да дознае што се случува зад затворените врати. Тоа е моја одговорност да се искупам за се што имам напишано, а не е вистина. Знам дека поради оваа книга сигурно ќе се обидат да ме ликвидираат. Ситуациите во кои морав да лажам ги имало во голем број, но ќе ве потсетам само на една“, вели Улдо.
„Во 1988 година, Курдите беа нападнати со антракс и воени отрови. Јас бев испратен на границата на Ирак и Иран да направам фотографии од Иранците кои беа нападнати со воени плинови. Во јавноста излезе само една мала фотографија во еден весник во Франкфурт. Во текстот немаше никаква информација за тоа дека Герамнија по неколку децении по Втората светска војна користела воени плинови и отрови и со истите ги убивала луѓето. Тоа е строго забрането да се користи, а мене никогаш за тоа не ми беше дозволено да известувам“, изјавил доктор Улдо Улфко како и за уште многу шокирачки информации кои можете да ги погледнете во приложеното видео.