Бившиот на кралицата Камила, Ендру Паркер Боулс, бил во врска со принцезата Ана, пренесоа британските медиуми. Нивната љубовна приказна стана актуелна благодарение на серијата „Круна“, која во третата сезона се занимаваше со оваа врска.
Ана е единствената ќерка на поранешната кралица Елизабета и секогаш делувала строго и мистериозно. Многумина велат дека од мајка ѝ ја наследила убавината и некои од нејзини карактеристики што се однесува до редот, работата и дисциплината.
Од 1992 година таа беше во брак со сер Тимотиј Лоренс. Децата Зара и Питер ги доби со капетанот Марк Филипсон, за кого се омажи во 1973 година, а сега стана актуелна и нејзината врска со бившиот на кралицата Камила, Ендру.
Двајцата почнале да се гледаат од јуни 1970 година. Се запознале на трките Royal Ascot. Ги споила љубовта кон коњите. Се забавувале, но ниту еден од нив никогаш не спомнал брак, затоа што тој бил католик.
Во тоа време членовите на кралското семејство не им бил дозволен брак со припадници од католичка вероисповед. Подоцна се оженил со Камила, со која добил две деца. Се разведоа во 1995 година, кога светот на големо знаел за неа и Чарлс.
Зад Ендру e и бракот со госпоѓа Розмари, која починала во 2010 година. Иако одамна се разделиле, ќерката на кралицата Елизабета и Ендру Паркер Боулс останале во добри односи. Тој се дружел и со нејзиниот прв сопруг, капетанот Филипс, а бил и кум на крштевката на нивната ќерка Зара.