Го обвинуваат Путин за повредата на Салах

Корисниците на социјалните медиуми го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за повредата на играчот на Ливерпул Мохамед Салах во финалето во Лигата на шампиони, која би можела да го исклучи напаѓачот од Енфилд од мечот меѓу Египет и Русија на Светското првенство 2018 година.

Расплаканиот Салах се повреди во првото полувреме од мечот во Лига на шампиони, против Реал Мадрид, откако претрпе повреда на рамото во судир со одбранбениот играч на „кралевите“, Серхио Рамос.

Ливерпул мечот го загуби со 3:1, без својот „талисман“, кој сезонава во лигата постигна 44 гола. Болката во рамото веројатно ќе го присили Салах да се откаже од Светското првенство во Русија во 2018 година.

Натпреварот е закажан за Египет против Русија во групата А на 19 јуни.

Таму каде што има трагедија има и руска вина, или барем обвинување за тоа, според корисниците на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалните мрежи почнаа на „Твитер“ да ги објавуваат своите теории на заговор во кои рускиот претседател Владимир Путин бил одговорен за повредата на египетската ѕвезда, па на тој начин се зголемиле шансите на Русија да напредува во групата на Мундијалот.

Додека некои сметат дека Путин организирал играчот да се повреди, други го обвиниле за мито.

Во Киев по првото полувреме Карим Бензема го доведе Реал Мадрид во предност благодарение на грешката на Кариус. Во шеесет и првата минута Гарет Бејл го постигна еден од најатрактивните голови од Лига на шампиони, кога со акробатски потег го доведе Реал во предност, и тоа на изненадување на сите околу себе, само две минути откако влезе во игра.

Потоа во 83. минута Бејл шутираше од далечина, а голманот Кариус повторно беше немоќен предавајќи му ја победата и 13. круна на Реал Мадрид во ова натпреварување.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, влезе во историјата како прв тренер кој победил на турнирот трипати по ред. Французинот е само 2,5 години на клупата на најдобриот светски клуб во историјата на фудбалот.

 

 

Scroll to Top