Германските медиуми ја обвинија шведската тинејџерка Грета Тунберг дека со своите говори и пропаганда за борбата против климатските промени го поткопува општеството. Грета е уште една одлука на растечкиот популизам кој секојдневно се шири во светски рамки, пишува германскиот весник „Ројтлингер генерал анцајдер“.
„Отсекогаш истите стереотипи. Од една страна општество на возрасни кои ја уништуваат климата и животот, а од друга страна млади луѓе кои се грижат за иднината иако живеат во богати индустриски земји. Младите не се грижат премногу за различните интереси. Не се грижат за работните места. Грета и нејзиното движење е една нова верзија на популизам. Светот е поделен на црно и бело, добро и зло, млади и стари“, пишува германскиот весник „Ројтлингер генерал анцајдер“, а пренесува „Дојче веле“.
Медиумите во Германија се обидоа да откријат дел од нејзиното минато. За потеклото на Грета малку се знаеше и пред нејзиниот настап во Обединетите нации. Ова не е првпат Грета со своите остри говори ги засрами возрасните и на 16 години да стане лице за борба за спас на планетата од глобалното затоплување.
Грета стана и шведска кандидатка за Нобелова награда за мир. Нејзината борба почна пред точно година дена кога секој петок бегала од школо за да се приклучи пред шведскиот парламент и да протестира против климатските промени. Овој пример го следеле нејзините врсници ширум светот, па осамениот акт на граѓанска непослушност се претвори во глобален проект „Петок за иднината“.
Демонстрациите биле инспирација за голем број луѓе да дадат свој придонес во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид, а Грета ја претворија во икона, која може да разговара рамо до рамо со водечки експерти.
Сепак, додека светот ја славеше како „климатски војник“, во јавноста се појавија заговорници и скептици кои јавно прашуваат кој профитира од нејзината војна.
Грета Тунберг е родена на 3 јануари 2003 година. Таа е далечен потомок на Свант Архенијус, еден од основачите на физичка хемија, како модерна научна дисциплина и прв научник кој предвидел дека емисијата на јаглерод може да доведе до глобално затоплување. Нејзината мајка е оперската пејачка и учесничка на Евровизија Малена Ернман.
Татко ѝ е актерот Свант Тунерг. Грета на осумгодишна возраст за првпат открива за климатските промени и вели дека се сеќава на моментите кога и самата таа се прашувала зошто возрасните не го сфаќаат глобалното затоплување за сериозна тема.
Тоа била една од причините зошто на 11 години, Грета заболува од депресија. Грета престанува да јаде, да оди во школо и постојано одбива да разговара со сите, освен со членовите на своето семејство и еден наставник.
Тогаш е откриено дека Грета боледува од Аспербергов синдром (облик на аутизам), опсесивно компулсивно нарушување и селективен мутизам. Како што вели и самата, селективниот мутизам значи дека таа говори само кога чувствува дека тоа е потребно. Грета открила дека мора да зборува за климатските промени.
Нејзините родители се откажале од своите кариери за на неа и на нејзината сестра Бети, која исто така боледува од Аспербергов синдром и опсесивно компулсивно нарушување, да им ја дадат потребната нега.
Животот на семејството се променило од корен кога бизнисмен, пиар експерт и активист за заштита на животната средина Ингмар Рентог на својот фејсбук-профил објавил фотографија од Грета која протестира пред шведскиот парламент.
Приказната била преземена од локален весник и стигнала до светските медиуми. Уште тогаш мајката на Грета се соочила со првите обвинувања дека таа со помош на Рентог ја смислила целата кампања за да ја промовира книгата за борба на својата ќерка со бројните дијагнози.
Истрагата на британскиот магазин „Стендпоинт“ покажува дека Рентог не случајно налетал на штрајкот на Грета и дека истиот веќе го договорил со нејзината мајка, со која неколку недели претходно држел заедно говор на климатска конференција.
Вредноста на зелената компанија на Рентган, „Немаме време“, скокнала за преку милион долари, откако во неа се приклучила Грета и станала дел од советодавниот одбор.
Тинејџерката подоцна се повлекла од одборот, но тоа не ги спречи осудите на сметка на нејзината мајка, за која многумина тврдат дека ја користела ќерка си за промоција на нејзината книга.
Дел од светската и шведска јавност смета дека нејзината мајка Малена никогаш не го преболела моментот што се одлучила да ја жртвува својата кариера за семејството. Поради тоа таа безобразно ја експлоатира ментално заболената ќерка и нејзиниот опсесивен страв од климатсите промени.
Во мај минатата година Рентог станал претставник на истражувачкиот центар под името „Глобал челенџ“. Основачот на центарот, Кристина Персон, е поранешна политичарка и министерка за иднина на Шведска.
Една од високите советници на „Глобал челенџ“ е Катарина Нистед Рингборг, советник на Меѓународната агенција за енергетика и поранешен потпретседател на шведско-швајцарскиот енергетски гигант „ABB“. Таа исто така е членка на зелената компанија за ризичен капитал, кој ги вклучува водечките членови на шведскиот енергетски сектор.
Таткото на Грета, Свант, вели дека ниту тој, ниту неговата ќерка не се квалификувани да одговорат на прашањето за деловните интереси на Рентган. Свант тврди дека никогаш не соработувале со „Глобал челенџ“. Но, подемот на Грета и правта што се дигна зад неа со посебно внимание го следеа германските медиуми, кои забележаа дека оваа тинејџерка има една заедничка карактеристика со популистите, а тоа е совршено поедноставување на комплицираните проблематики.