Грета Тунберг предупреди дека на светот му се заканува катастрофа

Шведската климатска активистка Грета Тунберг во Бон предупреди дека човештвото е пред катастрофа поради климатската криза. Греба наведе дека катастрофата може да се избегне само со зголемување на употребата на ветерот и сончевата енергија и намалување на производството на фосилни горива.

Грета објасни дека потребно е намалување на фосилните гориваза шест процентни годишно, до 2030 година. Уделот на обновливата енергија во производството на електрична енергија може да се зголеми на околу 30 проценти на глобално ниво поради падот на трошоците.

Податоците беа објавени за време на разговорите за климатските промени во Обединетите нации во Бон, каде Тунберг рече дека човештвото треба веднаш да одговори на климатската криза или да се соочи со, како што ја нарече, смртна казна за човештвото.

За да се ограничи глобалното затоплување за 1,5 степени Целзиусови, тој удел треба да се зголеми на повеќе од 70 проценти до 2030 година, се наведува во студијата, која се однесува на научната анализа на Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени март оваа година, пренесе Ројтерс.

Scroll to Top