„Холивуд репортер“ објави листа на победници и губитници на годината

„Холивуд репортер“ објави листа на најголеми победници и најголеми губитници во 2023 година.

Најголем победник секако беше Тејлор Свифт, која дефинитивно стои зад најуспешната година во кариерата.

Кога станува збор за губитниците на годината, Дизни и принцот Хари и Меган Маркл се на врвот на листата.

Дизни се најде на листата на губитници поради падот на вредноста на акциите на компанијата, како и поради проблеми во стриминг сервисот.

Меган и Хари, пак, беа прогласени за „лелекачи“, а беа опишани и како лицемери.

„Холивуд репортер“ пишува дека ниту автобиографијата на Хари, ниту подкастот што го објавија на „Spotify“ не помогнале на нивниот бренд.

Меѓу наградените се и Маргот Роби, ѕвездата на мегахитот Барби, Нетфликс и Џена Ортега и Кристофер Нолан, режисерот на Опенхајмер.

Scroll to Top