Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата

Даниел (59) од Загорје во Хрватска до јуни минатата година работел на Главната железничка станица во Загреб,  каде прописите се строги и не толерираат присуство на алкохол поради одговорноста на работното место.

Еден ден, при редовните тестирања се покажало дека во телото на Даниел имало 0,18 промили алкохол и тој веднаш добил отказ, пишуваат хрватските медиуми, пренесе „Блиц“.

Сепак, мажот решил да се жали на суд. Во претставката изјавил дека има 39 години стаж, од кои 28 во железницата и дека никогаш не било утврдено дека пиел на работа, а повеќе пати бил тестиран. Изјавил дека вечерта пред да биде тестиран, јадел салата со алкохолен оцет, а во последните три години не пие и не пуши.

Судот на крајот констатирал дека концентрацијата на алкохол во крвта му била ниска и дека тоа не влијаело на неговото однесување или безбедноста во сообраќајот.

На Даниел му одело во прилог и тоа што е во лоша финансиска состојба и што издржува два сина, од кои едниот е студент.

Судијата го вратил на работното место, а железницата сега е должна да му плати отштета.

Текстот Хрват добил отказ од работа поради алкохол, па се покажало дека е оцет во салата е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top