Кристен Меган, поранешна вработена во Военото воздухопловство на САД, се соочува со страшни закани по нејзиниот и животот на нејзината ќерка. Меган излезе во јавноста со информации за геоинженерингот што американските служби го прават врз светската популација.
Во интервјуто што таа го дава за медиумите ги опишува воените методи со кои вештачки се менуваат Земјината атмосфера и климата. Луѓето имаат многу малку информации за оваа тема.
По девет години активна служба во Воздухопловството на САД, во насока на биоеколошкиот инженеринг, Меган се обидувала во многу наврати да ги убеди луѓето дека заговорот за хемиските траги chemtrails не е вистинит и дека станува збор за шега.
Но, се случува спротивното. Меган за време на истрагата заклучила дека американската војска навистина ги запрашува луѓето насекаде во светот.
Таа тврди дека американската војска сега ѝ се заканува дека ќе ја киднапира ќерка ѝ, доколку не престане да зборува во јавноста на оваа тема.
„Обидот да докажам дека chemtrails се најголемата шега што човекот може да ја измисли ми го промени животот. Почнав да забележувам големи количини хемикалии во системот што ги немаат имињата на произведувачите. Немаат ниту врска со компаниите, а беа дел од редовниот протокол“, вели Меган.
Таа ги открила тајните хемикалии во хангарот и ги елиминирала сите можности дека тие се користат за нешто друго. Меган зела примероци и открила дека хемикалиите што се чуваат во тајните хангари ги има во водата и земјата.
„Обликот и огромната количина на овие загадувачи не можат да се објаснат преку природен пат. Како тие стигнале во водата, воздухот и земјата, засега не е познато“, вели Меган.
Таа за првпат излегла во јавноста со првичните докази во 2012 година, а сега јавно говори дека човештвото е запрашувано со бројни хемикалии и објаснува дека геоинженерингот се врши исклучиво поради профит.
Менувањето на временските услови и уништување на природниот Земјин екосистем е креиран од корпоративните олигарси со цел да станеме зависни од нив.
„Повеќе земјоделски компании, произведувачи на флаширана вода, „Монсанто“ и нивните семиња, фармацевтската индустрија. Сите овие индустрии добиваат со уништувањето на природата и разболување на човекот“, објаснува Меган.
Со други зборови, геоинженерингот ја храни капиталистичката машинерија. Видете во небото и ќе ја откриете вистината.
„Тоа е факт за кој јавно се зборува во Обединетите нации, во НАСА (која јавно ги известува луѓето дека вештачки се дејствува врз климата), нешто за што многу научници говорат. Луѓето од друга страна толку се програмирани што и понатаму не веруваат во фактите дека сме запрашувани како комарци“, вели Меган.
Ова го потврдува и Кристен Меган, воен научник, која и самата не сакала да поверува без докази.
Погледнете во небото и ќе ја видите вистината. А колку луѓето се слепи и ги затвораат очите најдобро може да се забележи од хемиските траги за време на сончевите денови, кои се видливи за човечкото око, а за кои луѓето воопшто не сакаат да разговараат, туку само едноставно одмавнуваат со рацете.
„Веројатно од страв, тешко им е да признаат дека ние сме во војна против систем кој едноставно кажано убива. Систем кој има за цел да ги заболува луѓето и природата и на крај да ги уништи. Тешко е да се признае дека со светот владеат тотални безумници и психопати кои мислат дека имаат право на планетата и човекот. Chemtrails, за жал, се нешто многу повеќе од теорија на заговор“, тврди Меган.