Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, наводно заговарал отворена војна со Иран поради нивната нуклеарна програма.
„Целосен стриптиз од сите страни“, така иранскиот нуклеарен план го нарекле советниците на тогашниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот и тогашниот израелски премиер, Ехуд Олмерт.
Идејата била со комбинација на санкции, но и внатрешни операции, да се уназадат плановите на иранскиот режим, макар тоа значело и криза во власта во таа држава. Американците и ЦИА тврдат дека не знаеле за тоа дека Израел, или барем дел од владејачката структура во Израел, се одлучил да изврши убиство и да ја прекине програмата.
Во периодот меѓу 2010 и 2012 година изведен е и атентат и убиени се најмалку четворица ирански научници, Масуд Алимошамади, Маџид Шахриари, Дариуш Резаинејад и Мостафа Ахмади Рошан, а не е утврдено до крајот дали намерно е отруен и Ардешир Хосеинпур.
Операцијата на еден начин започнала уште во 2003 година кога израелските тајни служби составиле четиримесечен план, кој имал цел да го спречат Иран да состави нуклеарно оружје.
Приказната, која траела веќе 15 години, продолжува и сега под пактот на Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху, кои повторно брзо и декларативно се согласни за тоа дека Иран не смее да има баш никаква нуклеарна програма.
Израел гледа три решенија на проблемот. Едното е отворена војна и освојување на Иран. Второто сценарио е од внатре да се сруши иранската власт, а третото е да се убедат нивните политичари дека ќе трпат големи губитоци ако развијат нуклеарна програма.
Првата и втората опција, дури и за Израел, е релативно нереалистична.
Додека владејачките партии не сфатат дека на повеќе нивоа не им се исплати да ја развиваат програмата, Израел одлучил да поведе низа акции со кои ќе ги скрши нивните напори.
Додека смртта на неколкуте научници објективно не значи ништо за развојот на програмата, сепак ова се проблеми што ги комплицираат перформансите на програмата и како таа се доживува во јавноста, а во голема мера ги вознемируваат сите оние што работат на проектот.
Освен убиството, во акцијата се вклучени и дипломатскиот притисок, поддршката од малцинствата и политичката опозиција во Иран, доставата на суровини за програмата, како и саботажа на самите постројки.
Како што велат извори блиски до Стејт департментот, тоа е убедливо најголемата и најкоординирана дипломатска и воена операција со цел да се спречи развојот на оружје за масовно уништување во некои земји. Во убиството на научниците учествувал и самиот Мосад. Тој знаел дека САД никогаш нема да сака да учествува во ваквата акција.
На листата се најдоа 15 имиња на водечки научници. За Хосеинпоур, во Иран се убедени дека е ликвидиран во 2007 година. Масуд Алимошамади е убиен пред својот дом во 2010 година во елитниот кварт во северен Техеран.
Експлозивната направа била прицврстена на вратата на автомобилот. Во ноември 2010 година два мотоциклиста ги разнеле автомобилите така што направите ги залепиле за автомобилите, се оддалечиле и ги активирале.
Мајид Схахриари е убиен додека Ферејдон Абаси-Давани со сопругата успеал на време да се извлече од автомобилот. На крајот на 2010 година станало јасно дека нападите и санкциите ја забавиле програмата, но ниту приближно доволно, по што сè почнало да се планира и подготвува воен напад врз срцето на Иран.
Некогашниот шеф Мосад Меир Даган тоа го гледал како самоубиствен и исклучително штетен потег кој одел во корист на само неколку конзервативни политичари кои преку него собирал гласови, а не е темелен на државен интерес.
„Нетанјаху и Ехуд Барак се слични во една работа. И двајцата мислат дека се најголемите генијалци. Нетанјаху е единствениот премиер во историјата на земјата кој бил во ситуација сите во Министерството за одбрана и тајните служби да се изјаснуваат јасно и гласно против неговите одлуки. Ниту еден политичар не е светец, но сите земјата ја ставија пред личните интереси и емоции“, изјавил Даган.
Објаснил и зошто отворената воена акција била погубна.
Последиците биле несогледливи. Доколку Израел го нападне Кхомеини, тој ќе му се заблагодари на Алах, што конечно има изговор да го избрише Израел од лицето на земјата, и јасно и гласно да каже дека им е потребна нуклеарна бомба за да се одбрани од израелските напади“, објаснува Меир Даган. Нетанјаху фактички го истерал Даган од јавната сцена кога му истекувал мандатот.
Го наследил Даган Пардо, кој продолжил со атентатите. Дариуш Резаинејад е убиен со куршум во главата, а Мостафа Ахмади Рошан го дочекала автомобил бомба.
САД и Обама јасно и гласно се дистанцирале од убивањето на научниците, а во исто време тајно преговарале со Иран за прекин на нуклеарната програма. Американците биле во страв дека Израел ќе нападне и дека регионот дополнително ќе пламне како и пазарот со нафтата.
Непријатно изненадување за повеќето од известувачките агенции е што сè што е постигнато на тој план сега се обидуваат да го демонтираат и Доналд Трамп и Нетанјаху.