ЈП Морган го организирал потонувањето на „Титаник“ за да ги оформи Федералните резерви

Во јавноста се појавија нови докази кои ја расветлуваат најголемата трагедија што се случи во минатиот век, потонувањето на најголемиот брод во тоа време, „Титаник“, на подрачјето на Северниот Атлантик.

Доказите откриваат дека познатиот банкар ЈП Морган намерно го оркестрирал потонувањето на „Титаник“ со цел да ги создаде Федералните резерви.

Четиринаесет години претходно, во 1989 година, Морган Робертсон го опишал буквално секој детаљ од страшната трагедија во својата книга под името „Потонувањето на Титан“. Станува збор за луксузен брод кој се сметал за сигурен и кој пребрзо пловел на подрачјето на Северниот Атлантик, па немал можност да ја одбегне сантата лед, што резултирало со смрт на голем број патници на бродот.

Четиринаесет години подоцна настаните од оваа книга се одиграле и во реалниот живот, само што овој пат настанот имал големи политички импликации.

Некои од најбогатите луѓе на светот кои се противеле на создавањето на Федералните резерви и централните банки биле на тој брод.

Ова се некои од фактите кои ставаат сомнеж за трагедијата на „Титаник“:

Факт: ЈП Морган ја финансирал изградбата на „Титаник“.

Факт: ЈП Морган го резервирал патувањето на „Титаник“, но го откажал во последен момент.

Факт: Пријател на ЈП Морган, Милтон Херси, исто така го откажал патувањето во последен момент и преживеал за подоцна да изгради деловно царство за производство на храна „Херси“.

Факт: На „Титаник“ немало ниту една црвена ракета за предупредување со која би се сигнализирало за помош до другите бродови за спасување. Имало само бел огномет кој бил наменет за сигнализирање на забавата и веселбата, што би означувало дека сè е в ред.

Факт: „Титаник“ бил првиот брод од таков вид со можност за електронско запечатување на потпалубата, што резултирало со затворање на луѓето под палубата, внатре во бродот.

Факт: Капетан Едвард Смит бил еден од најодликуваните капетани на сите времиња и чудно е како тој ги избегнал сите мерки на внимание, што резултирало со несреќа.

Факт: Авторот на книгата е отруен неколку години откако „Титаник“ потонал.

Факт: ФЕД (Федералната банка) е формирана веќе идната година.

Факт: Семејството Астор било едно од најбогатите семејства во светот и Џон Астор III се противел на основањето на Федералните резерви.

На бродот исто така бил и Џон Џејкоб Астор IV, најбогатиот човек на светот во тоа време, пријател на Никола Тесла и отворен противник на создавањето на Федералните резерви.

Астор го стекнал своето богатство како градител на недвижности, инвеститор и изумител. Другите истакнати претставници кои се противеле на основањето на Федералните резерви, како што се Бенџамин Гугенгеим и Иса Страус, исто така умреле на бродот.

Дали ЈП Морган добил идеја да ја победи опозицијата на Федералните резерви од книгата која ја напишал 14 години претходно?

Книгата под името „Титан“ е објавена 14 години пред  „Титаник“ да потоне и во неа точно е опишан планот за потопување на бродот.

Дали зготвиле план на островот Џекил каде што ја испланирале изградбата на бродот, со цел да ја елиминираат конкуренцијата?

Сличности со „Титаник“

Иако романот е напишан пред да биде дизајниран „Титаник“, постојат некои извонредни сличности меѓу фиктивните и реалните ликови кои се забележани во таа книга.

Исто како и „Титаник“, измислениот брод во книгата, „Титан“, потонал во април во Северниот Атлантик. На истиот немало доволен број чамци за спасување на патниците. Исто така постојат и сличности меѓу големината на 243 метри долгиот „Титан“ во однос на 269 метри долгиот „Титаник“. Брзината на движење која ја постигнувал бродот „Титан“ била 25 јазли, во однос на 21 кои го постигнувал „Титаник“. Сличности има и во опремата за спасување.

Бил опишан како брод кој не може да потоне

Титаник бил најголемиот светски луксузен брод (269 метри, 63.000 тони) и бил опишан како брод кој не може да потоне. Титаник бил до тогаш најголемиот брод (269 метри, 75 000 тони).

Недостиг на чамци за спасување

Титаник имал 16 чамци за спасување, плус 5 енггелхарт, склопливи чамци за спасување, што претставувало недостиг на број на чамци од дозволеното за таков вид брод, чиј патнички капацитет изнесувал 3000 патници.

Удрил во санта лед

Движејќи се со брзина од 22 јазли на час, „Титаник“ удрил во санта лед на десната страна во ноќта на 14 април 1912 година, во Северен Атлантик, 600 километри од Њуфаундленд.

Исто така, се наведува во книгата, во април на подрачјето на Северниот Атлантик на 600 километри од Њуфаундленд „Титан“ удрил во санта лед, додека патувал со брзина од 25 јазли на час, од десната страна.

Потонувањето

„Титаник“ потонал, а повеќе од половината од неговите патници умреле, бројка која стигнала некаде околу 2200 патници. Неуништливиот „Титан“ во книгата исто така потонал со повеќе од половината од своите патници, што претставувала бројка од приближно 2500 патници. Единствената разлика е што „Титан“ се превртел странично пред да потоне.

 

Scroll to Top