Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли

Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.

Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.

Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.

Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.

„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.

Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.

Scroll to Top