Минаа два месеци од моментот кога смртоносниот коронавирус се појави во кинескиот град Вухан и од тогаш речиси секоја држава во источна Азија ги потврдила случаите со заразени лица, освен Северна Кореја.
Една од најсиромашните земји на светот, според официјалните податоци, успеала да го избегне вирусот и покрај фактот дека се граници со Кина, земја во која од новиот коронавирус починаа повеќе од 600 луѓе, а заразени се над 31.000, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Исто така, секоја земја и територија во радиус од речиси 2500 километри од Северна Кореја, освен Монголија, потврдиле дека имаат заразени луѓе со новиот коронавирус.
„Си-Ен-Ен“ пренесува дека не е јасно како Пјонгјанг е единствената земја која успеала да го избегне опасниот вирус и додава дека Северна Кореја или имала среќа, или не е најискрена, или ја користи предноста со фактот затоа што е затворена нација.
Оваа држава јавно не соопштила дека заразени со вирусот, но професорот на Корејскиот универзитет Нам Сунг Вук, кој претходно бил шеф на јужнокорејскаа известувачка агенција, вели за „Си-Ен-Ен“, дека многу е веројатно да некои од 25 милиони луѓе, колку што живеат во Северна Кореја, се заразени со новиот вирус.
„Знаеме дека има заразени во кинеските региони кои се граничат со Северна Кореја. Околу 90% од трговијата на Северна Кореја се одвива со Кина и ние знаеме дека многу луѓе, камиони и возови ја преминаа границата меѓу двете држави пред Северна Кореја превземе мерки за да го спречи ширењето на вирусот“, изјавил Нам.
А тие мерки, се чини дека се сериозни. Северна Кореја ги затворила границите за странски туристи, од кои повеќето се Кинези, а ги отворила центрите против ширење на епидемиајта ширум земјата, додека сите луѓе кои во државата влегле по 13. јануари, се под медицински надзор.
Државната агенција KCNA исто така јавила дека медицинските работници поставиле системи за дијагностика ширум земјата и дека се во состојба за кратко време да го откријат присуството на вирусот. Но, неколку експерти со кои разговараше „Си-Ен-Ен“, се скептични кога станува збор за способноста на Пјонгјанг, да ги тестира луѓето на присуство на коронавирусот.
„Си-Ен-Ен“ пишува дека Северна Кореја е една од најзатворените земји на светот и потсетува дека таа држава никогаш не признала колку луѓе умреле во деведесетите години од минатиот век од глад, кога била соочена со поплави, потоа суша и укинување на советската помош.