Kалифорниските вина радиоактивни

Некои теории говорат за тоа дека потресот што го предизвикале брановите што ја потопија нуклеарната електрана во Фукушима во 2011 година е намерно предизвикан.

Радиоактивното ниво е зголемено во вината во калифорниската долина Напа благодарение на радиоактивниот облак кој допатувал од катастрофата во Фукушима во 2011 година.

Истражувачите од Универзитетот „Бордо“ во Франција го тестирале калифорниското вино пред и по катастрофата во Фукушима и утврдиле двојно поголема количина цезиум во сортата „каберне совињон“. Ова било предизвикано кога цунамито во 2011 година го потопи нуклеарниот реактор во електраната „Фукушима Даичи“.

Радиоактивниот облак што го испуштила електраната стигнал до Калифорнија и до познатата долина Напа. Таму трагите на цезиум влегле во грозјето и виновата лоза.

Нивоата варирале во зависност од вината, покажале истражувањата. Црвеното вино „каберне совињон“ имало најголема радиоактивност. Најмала имала виното „розе“.

Иако идејата за пиење радиоактивно вино сама по себе е доволна за да се запрашаме дали треба да пиеме ваков пијалак, присутноста на цезиум во виното всушност е и згоден начин да се испита староста на виното.

Тоа е затоа што од 1952 година, секое шише вино има некое ниво на цезиум благодарение на развојот на нуклеарното оружје и нуклеарните испитувања.

Нивоата на радиоактивност кај вината варирале од 50-тите години до денес овозможувајќи вината да се означуваат преку нивото на радијација во нив. Со ваквиот метод не било потребно да се отворат и на тој начин да се уништи нивната старост. Методот бил откриен од фармакологот Филип Хуберт во 2001 година.

„Со оглед на чувствителноста на мерењата, оваа техника овозможува да се мерат само вината стари од 1952 година до 2000 година. Но, првенствено е ефикасна за постарите вина. Мерењата ги исклучуваат вината произведени пред 1952 година затоа што тие не содржат цезиум“, се вели во студијата.

И покрај радиоактивниот облак на Фукушима, кој го зголемил нивото на радиоактивност во вината, нивото на цезиум во вината во времињата на нуклеарните тестирања е далеку поголемо, па оттука нема потреба за паника.

Француските вина имале слична количина цезиум по катастрофата во Чернобил во 1986 година.

 

 

 

Scroll to Top