Канадски рибари уловиле рак тежок 145 килограми

Двајца мажи од канадското атлантско крајбрежје имале неверојатен лов додека рибареле во реката Матан.

Тие успеале да уловат огромен рак со должина од 2,80 метри, која тежел повеќе од 145 килограми.

Рене Кируац и неговиот зет Рејмнонд Бергер пловеле со брод кога забележале необично движење низ карпите во близина на брегот.

Кога се приближале забележале дека движењето било предизвикано од џиновски рак.

Брзо сфатиле дека нивните риболовни стапици се бескорисни против огромното морско суштество, па решиле да го уловат пленот со ловечки пушки.

„Тоа беше најтешкиот улов во мојот живот“, изјавил Рене, кој бил искусен рибар.

„На почетокот одбиваше да умре. Пукавме во него и од блиску и постојано го удиравме по глава со метална лопата, но без ефект. Потребни беа шеснаесет куршуми пред да престане да мрда“, вели Рене.

Биолозите од Универзитетот во Монтреал Квебек, под раководство на професорот Денис Лангевин, брзо пристигнале за да спроведат анализи.

Морскиот биолог Денис Ланжевин верувал дека поради големината на ракот, најверојатно, се хранел со други морски цицачи со цел да преживее.

Шкргите можеле да му пораснат до 15-16 сантиметри во должина, а нивната просечна големина е околу 8 сантиметри. Раковите обично се хранат со различни форми на зоопланктони, а ова е прв примерок од таков вид со толкава големина да се улови во Канада.

„Земавме примероци од содржината на стомакот и резултатите се апсолутно неверојатни“, вели професорот Ланжевин за новинарите.

„Се чини дека ракот се хранел со нешто што би требало да биде негов предатор, како што е камшик, треска, ослиќ и други. Овој примерок е јасна абнормалност во синџирот на исхрана“, заклучува биологот.

Останува целосна мистерија за потеклото на ваквиот вид рак.

Службите од Гинисовата книга на рекорди ваквиот настан го потврдија со соопштение дека станува збор за досега најдолгиот и најтежок виден рак.

 

 

 

 

Scroll to Top