Кикна продаде 3 милијарди долари американски државни обврзници. Ова е трет ваков потег на Пекинг во последните 14 години, а прв кој вклучува обврзници со рок на достасување од 30 години.
Кина продаде 1,5 милијарди долари петгодишни обврзници на 3,25%, милијарда долари на 10 годишни обврзници на 3,5% и 500 милиони долари на 30 годишни обврзници на четири процденти, соопштија од Министерството за финансии, а пренесува Ројтерс.
Пекинг е најголемиот сопственик на американскиот долг
Од јули Кина има инвестирано 1,17 билиони долари во долг кој го издала Американското министерство за финансии. Кина ги продаде во време кога јуанот депрецираше 10% во однос на доларот поради забавувањето на трговската војна со САД.
„За кој било друг нормален корпоративен заемопримач, одлуката можеби била обврзниците да одстојат на маргините и да почекаат пазарот да се стабилизира, но Кина е малку поинакво животно“, изјавил банкар за Ројтерс, кој работел на овој договор.
„Не мислам дека луѓето се загрижени за Кина“, изјавил банкарот.
Во последните удари на трговијата меѓу овие две земји, Кина престанала да купува нафта од САД.
Кина достигна увоз на сурова нафта од Америка од просечните 334.880 барели дневно во август, што го прави Пекинг втор по големина купец на американска нафта по Канада.
Досега Вашингтон наметна царина (тарифи) на 200 милијарди долари кинеска роба, а Пекинг и наметна на Америка тарфа на увоз на роба во вредност од 60 милијарди долари.