Кои беа најпребаруваните 18+ прашања на „Гугл“ во 2024 година

Крајот на годината вообичаено е време за објавување на различни статистички резултати, а „Гугл“ објави интересни податоци за прашањата што луѓето најмногу ги пребарувале поврзани со сексот во текот на 2024 година.

Овие шест прашања се најдоа на врвот на листата:

Што е автосексуалност?
Дали е нормално да се крвари после секс?
Дали мастурбацијата е грев?
Што е оргазам?
Колку долго после царски рез можете да имате секс?
Колку често брачните парови имаат секс?

Дали сте љубопитни што е автосексуалност?

Концептот на автосексуалност првпат се појави во медиумите кога Кортни Кардашијан го спомна на својот блог во 2020 година.

“Дали сте автосексуални? Накратко – да, најверојатно. Всушност, сите сме, барем малку“, напишала таа.

Терапевтот и автор Кејси Танер зборуваше за автосексуалноста за страницата на Кортни и откри дека тоа е особина каде што личноста е привлечена од сопственото тело.

„Иакао мастурбацијата е пример, автосексуалноста може да се прошири подалеку од сексуалното однесување, вклучително чувство на копнеж или желба за себе. Тоа може да биде и способност да се почувствува сексуална желба преку визуелизирање, допирање или мирис на себеси“, рече Танер.

Таа додаде дека автосексуалноста е широк спектар и дека повеќето луѓе се некаде на тој спектар.

„Некои се исклучиво автосексуални и тоа е нивната сексуална ориентација, додека повеќето ја комбинираат со секс со партнерот“, објаснила таа тогаш.

„Тоа би можело да значи да носите секси долна облека. Тоа може да значи дека ќе ја направите вашата коса и шминка само за да се чувствувате добро, дури и кога сте во долготрајна моногамна врска и другата личност едвај забележува“, објасни таа.

„Многу луѓе се спротивставуваат на автосексуалноста, плашејќи се дека таа е нарцисоидна или дека може да го наруши партнерскиот секс. Во реалноста, автосексуалноста може да биде здрав, дури и вреден дел од вашиот сексуален живот“, нагласи таа.

Scroll to Top