Кој го хушка Александар Лукашенко против Владимир Путин?

Најблискиот сојузник на Владимир Путин, Александар Лукашенко, во последно време е многу непријателски расположен кон Кремљ, пишува српски Курир.

По деценија зависност од Москва, белорускиот лидер купува нафта од САД и политички кокетира со Западот. Сето ова му задава дополнителни главоболки на Путин.

Лукашенко, кој најверојатно во август ќе го освои шестиот мандат на чело на земјата, се заканува дека ќе ги олабави стратешките врски поврзани меѓу Белорусија и Русија.

„Старата врска постепено се распаѓа, а постои сомневање дека некој однадвор го охрабрува Лукашенко на вакви потези“, изјавил Глеб Павловски, поранешен советник во Кремљ.

И додека Лукашенко од една страна постојано ја иритира Москва, од друга страна Белоруаија е многу важна и Москва не може да си дозволи да ја изгуби, изјавил Павловски.

Но, сето ова не треба да зачудува. Лукашенко има историја на седење на две столици, за да ја одржи потребната независност, како би си обезбедил своја авторитарна власт над нацијата од 9,4 милиони луѓе. Сепак тензиите овојпат можеби се поголеми затоа што колапсот на цената на нафтата, ја слабее привлечноста на Русија како сојузник.

Односот со Лукашенко се влошува, додека САД и нивните сојузници се обидуваат да заковаат шајка меѓу Мунск и москва, а Белорусија да ја вовлечат во битка за влијание, изјавил официјалниот претставник на Кремљ.

Белорусија започнала преработка на почетните залихи од 80.000 тони американска нафта која танкерот ја допремил во литванско пристаниште на почетокот на овој месец, првпат откако ја купила нафтата од САД. Тоа следело откако државниот секретар Мајк Помпео во февруари се состана со Лукашенко, (тој беше највисокиот американски официјален претставник, кој ја посети Белорусија уште од претседателот Бил Клинтон во 1994 година) и ветил дека Америка ќе може да испорача 100% нафта која е потребна по конкурентна цена.

Во тоа време Лукашенко јавно ја обвини Москва дека го притиска да прифати политичка интеграција во замена за евтина испорака на нафта, откако Русија во спорот околу цената, ја прекина испораката на сурова нафта за три четвртини.

Помпео изјавил дека Белорусија не би требало да биде присилена да зависи од кој било партнер, поради својот напредок или безбедност.

Сепак, Путин има на располагање моќни полуги, со кои би можел да се обиде да го заузда Лукашенко. Иако испораката на нафта за 65% е пониска во однос на минатата година, Русија  и овој пат во првите три месеци во 2020 година и испорачала на Белорусија 1,6 милиони тони нафта, чија економија на големо зависи од извозот на машини и прехрамбени производи кон својот поголем сосед.

Белорусија исто така во повеќе наврати побарала од Русија кредити за да ги задоволи своите финансиски потреби, а не е занемарливо и тоа што двете земји одржуваат заеднички воени вежби.

Одговорот на Лукашенко на епидемијата на коронавирусот, дополнително го изритирал Кремљ. Имено, додека Русија ги затворила своите граници, а Путин во март вовел затворање ширум земјата, Лукашенко изјавил дека е подобро да се умре стоејќи, отколку да се живее на колена.

 

 

 

 

 

Кога спиралните инфекции го приморале Путин да ја одложи воената парада за 9. мај, по повод 75. годишнината од победата во Втората светска војна, Лукашенко продолжил со сопствените одбележувања и празници, велејќи дека во спротивно тоа ќе биде предавство на оние кои решиле тоа да не го прават.

Лукашенко (65) во повеќе наврати ја срушил опозицијата од доаѓањето на власта во 1994 година. Тој ги обвинува критичарите во Русија дека ги финансираат протестите против него, пред изборите кои се случија на 9. август.

Односот на Лукашенко со САД и Европската унија не е нималку лесен. Заострени се санкциите против Белорусија, откако нејзините сили на безбедност ги уапсија опозициските лидери и ги претепаа демонстрантите за време на претседателските избори во 2010 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот ги продолжи американските санкции за година дена против Лукашенко и некои други белоруски официјални лица, кои првпат се наметнаа во 2006 година, поради политичка репресија.

Сепак, од друга страна, САД и Белорусија договориле минатата година да се разменат амбасадорите за првпат по повеќе од една деценија.

„Русија не може да го сруши Лукашенко, барем не засега. Но, бара било каков начин за да му го отежне животот“, изјавил Павловски кој во Кремљ работел како советник од 2000 до 2011 година.

Држењето на тврди позиции во нафтената војна, од страна на Русија, го натера Лукашенко да превземе чекори за намалување на зависноста, свртувајќи се кој други дистрибутери, вклучувајќи ги и Азербејџан и Саудиска Арабија.

„Лукашенко оваа нафтена војна ја свати како казна и не сакаше повеќе да го малтретираат. Белорусија и Русија влегоа во својата најдлабока криза во последните 25 години“, изјавил основачот на консултантската фирма Артај Шрибман.

 

 

Scroll to Top