Лага е дека ширите слобода и демократија – тоа се виде во Виетнам и Либија, а сега и во Сирија

По американскиот напад врз Сирија, европскиот пратеник Иван Пернар со отворено писмо му се обратил на американскиот амбасадор во Хрватска, Вилијам Роберт Кохорст.

Писмото го објавил на својот фејсбук-профил, а на него напишал што мисли за американската политика:

„Не ве ценам вас“.

Неговото писмо предизвикало голема поддршка кај неговите следбеници на „Фејсбук“, а ние ви го пренесуваме во целост:

Сакав писмово да го започнам со ценет господине Кохорст, но поради политиката на вашата држава, ќе напишам само Кохорст.

„Не ве ценам ниту вас ниту оној што ве именувал, Доналд Трамп. Знаев од почеток дека тој е измама и дека нема да ги застапува интересите на граѓаните што го избрале, туку ќе ја застапува владата во сенка. Владата за која повеќето граѓани на САД не знаат, а која управува со Федералните резерви, вашата, или подобро кажано, нивната средна банка и која ќе го натера кој било американски претседател да влезе во војна со само една цел.

Зацврстувањето на американската доминација на Блискиот Исток е само онаа со единствена цел продавање нафта за долари и зацврстување на вредноста на вашата валута.

Вие војувате поради вашите интереси, ги искористувате ресурсите во целиот свет.

Благодарение на вештачки набиената вредност на доларот, вие ги искористувате ресурсите од целиот свет, имате воени бази во повеќе од 30 држави и непрекинато водите војни против низа суверени земји, чија долга листа од година на година е сѐ поголема.

Вие тврдите дека ширите демократија и слобода, а сите знаат дека тоа е лага и фарса. Го видовме тоа во Виетнам, го видовме во Либија, а го гледаме сега и во Сирија. Вие не војувате поради идеалите за кои декларативно се залагате, туку поради вашите голи интереси.

Токму поради тоа, вам не ви е гајле за Палестинците кои неоспорно доживуваат секојдневно терор од вашиот сојузник Израел, а притоа леете крокодилски солзи за Косовците, Сиријците, Либијците, Ирачаните, Авганистанците или кој било друг народ чија земја сакате да ја освоите и со неа да управувате и да ги инсталирате воените бази   со цел ширење на вашето влијание.

Претходниот на Трамп, Кенеди, проговори за влијанието на тие скриени структури на моќ што управуваат со вашата земја и изјави дека нивните претставници се собрани во тајни друштва. Кенеди се обиде да ја одземе таа моќ на создавање на доларот во FED и да го врати во рацете на државната каса.

„Трамп не е ништо подобар од Асад“.

Шест месеци откако се спротивставил на заговорниците против американскиот и сите други народи во светот, бил убиен, а вашата влада за неговото убиство лажно ги обвини комунистите, како што и денеска ги обвинува Русите, често без никакви докази.

Она што е најбизарно е што Трамп го нарекува сирискиот претседател Асад животно, а самиот не е подобар од него.

Благо лицемерство, вашите хемиски компании што произведуваат хербициди и вашиот воен комплекс што во стрелите става осиромашен уран, отруле и убиле милион пати повеќе луѓе отколку Асад под претпоставка навистина да ги извршил сите овие хемиски напади за кои го обвинувате.

Можам да ви кажам една работа, како дете ја гледав Америка како земја на слободата, но денес знам дека тоа е земја на робови, кои од ден на ден имаат сѐ помалку права, а со кои управуваат исто така робови и слуги на скриени интереси и неформални структури на моќ.

Мене повеќе не може да ме измамите, како ни многу други луѓе. Народите на светот се будат, ги отвораат очите, а во паролата на „цивилизираниот Запад“ дека демократијата доаѓа со звукот на паѓањето на американските и британските бомби повеќе не веруваат ни граѓаните во вашите земји.

 

 

 

 

Scroll to Top