Лекар извршил експеримент врз себе и ослабел 20 килограми

Докторот Дарил Форди, тврди дека успеал да изгубил повеќе од 20 килограми и дека се ослободил од зависноста од шеќер, благодарение на одреден вид на исхрана која ја практикувал.

Многу славни личности се колнат во алкалната исхрана и тврдат дека токму таа е одговорна за нивното здравје и младешки изглед.

Тој исклучително киселата храна вели дека предизвикува голем број болести и воспални процеси, и дека треба да се менува базично, односно со алкална храна.

„За да останете здрави, убави, енергични и да го изгубите вишокот на килограми, треба да знаете дека предизвикувачите на болестите е киселата храна“, тврди нутриционистот и крипрактичарот доктор Дарил Гофри, кој ги советувал голем број на холивудски ѕвезди за промената на начинот на живот.

Тој тврди дека самиот успеал да изгуби повеќе од 20 килограми и да се ослободи од зависноста од шеќерите, токму благодарение на таквиот вид на исхрана. Сега 80% од времето се храни токму на овој начин и вели дека има повеќе енергија отколку во дваесетите години од животот, во однос на сега, кога има 40 години.

„Се занимавам со триатлон и ултрамаратон. Не се сеќавам кгоа последен пат бев болен“, вели тој.

Принципот кој тој го предлага е едноставен, но морате да бидете на строг режим.

„Морате, барем некое време, од исхраната да ги исфрлите млечните преработени производи, алкохолот, месото, кафето, шеќерот и глутенот.

Наместо тоа, тој предлага храната да ја збогатите со лиснат зеленчук и други базични намирници. Треба да избегнувате и многу овошје.

Една од заблудите е дека со ваквата прехрана се менува pH вредноста во крвта. Тоа не е можно, затоа што вашето тело строго ја регулира pH вреднота и прехраната не може во голема мера да влијае на тоа.

Од друга страна, ако јадете премногу кисела храна, како што тврди доктор Дарил, телото ќе одржува исто ниво на pH, на сметка на здравјето на коските и срцето, затоа што ќе излачува алкални минерали од сопствените ресурси.

Тој препорачува да по еднодневното придржување на внесувањето на исклучиво алкална храна, да го задржите сличниот режим и да барем 60% до 70% од вашата прехрана до крајот на животот да биде исклучиво од базни намирници.

„Луѓето мислат дека здравиот живот подразбира елиминација на сите намирници кои ги сакате. Тоа не е точно. Треба да се ужива во процесот, да го цените здравјето“, вели докторот.

Ако сакате да ја алкализирате својата прехрана, докторот ги советува следните намирници:

„Брокула, карфиол, зелка, кисела зелка, мркула, целер, тиквици, печурки, морски алги, смокви, крставици, соја, сојни производи, банани, грозје, мед, киви, лимон, зелена салата, манго, маслиново масло, лук, крушки, зелен грашок, ананас, роквици, јагоди, лубеница, ориз…“

Храна со која треба да бидете внимателни:

Киселата реакција во телото најчесто е предизвикана од протеините и тоа најмногу од оние од животинско потекло, па се смета дека секој дополнителни 10 грама протеини кои ги внесуваме, губиме по 100 мг калциум преку мокрењето. Затоа не претерувајте со внесувањето на протеините.

Дополнителни совети на докторот:

„Не пијте повеќе од два филџани кафе на ден, затоа што тоа предизвикува киселост во телото, а дури некои статистики говорат дека честото пиење на кафе, повеќе од три пати на ден, може да ја засили остеопорозата за дури 82%.

„Рафинираните намирници како што се белиот леб, колачите и лиснатото тесто предизвикува киселост во телото и го исфлра калциумот од коските, за да ја поништи киселата реакција во телото.

„Не претерувајте со темните чаеви“

„Намалете ја на минимум конзумацијата на масната храна“

„Пушењето и пиењето кафе се двете воглавни поврзани навики, кои заеднички ја создаваат киселоста во телото“

 

Scroll to Top